АВТОМОБИЛ УДРИ 73-ГОДИШНА ЖЕНА НА ВЕЛОСИПЕД Пренесена е во болница со тешки повреди
Во СВР Охрид вчера е пријавено дека на сервисна улица во поранешниот комплекс „ОТЕКС“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо” со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(47) од Струга и велосипед управуван од 73-годишната Б.С. од Охрид.
Во несреќата велосипедистката Б.С. добила тешки телесни повреди, кои се констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо” во Охрид, каде што таа итно била префрлена.
.
Извор: plusinfo.mk