Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛЕН КАКО ТРОЈАНСКИ КОЊ НА ДУИ ВО БРВЕНИЦА Владејачката ВМРО-ДПМНЕ жали што коалицискиот партнер не се издигна над етничкиот национализам
Македонија

ВЛЕН КАКО ТРОЈАНСКИ КОЊ НА ДУИ ВО БРВЕНИЦА Владејачката ВМРО-ДПМНЕ жали што коалицискиот партнер не се издигна над етничкиот национализам

02/11/2026

AA

ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница настапи со визија, програма и со проекти за развој на општина и за подобар живот на граѓаните.

„Една Брвеница за сите е повеќе од концепт во кој ние ја потенциравме силата на единството, соживотот и меѓусебната почит, инфраструктурните инвестиции, подобрите услови за живот, додека противниците искористувајќи ја демографската состојба повикуваа на етничко гласање. Нашите опоненти се обединија и сите заеднички наместо натпревар на идеи, изборната трка ја претворија во ринг на поделби по разни основи. ДУИ, СДСМ, Левица, за жал, и ВЛЕН како тројански коњ од една страна, а ВМРО-ДПМНЕ од другата страна“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Ние сами против сите, додаде партијата.

„И благодарение на довербата која ни ја дадоа имаме значителен раст на бројот на гласовите кои, за жал, не беа доволни за Јованчо Радичевски да биде избран за градоначалник. Од 3.000 гласа во првиот круг стигнавме до 4.200 гласа за ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг, додека споредено со парламентарните избори растот на гласови е 1.300. СДСМ и политичката партија Левица во првиот круг од овие предвремени локални избори целосно ги декласиравме, завршија на четврто и на петто место, а како последна сламка за да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг се ставија во служба на ДУИ за одвлекување гласови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што предизвикува особена жал е што нашиот коалициски партнер, ВЛЕН ја пропушти можноста во Брвеница да биде поразличен од ДУИ и да се издигне над етничкиот национализам, со што се покажа дека исто како и кандидатите на СДСМ и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, после овие избори, уште од утре граѓаните и Македонци и Албанци ќе очекуваат проекти и развој, а не национализам, ќе очекуваат резултати, а не демагогија кој од која партија е или на која етничка заедница градоначалникот припаѓа. Затоа, Брвеница нема да биде заборавена, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира, да вложува и да гради за развој на општината и за подобри услови за живот на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Љупчо Ристески: Упорноста, трудот и чесноста се клучни за успех

02/11/2026
Македонија

НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА НЕ Е СОПСТВЕНИК НА ГЛАСОВИТЕ Вреди смета

02/11/2026
Македонија

НАЈМНОГУ ДОЖД НАВРНА ВО ГЕВЕЛИЈА – 29 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН

02/11/2026
Македонија

ВЛЕН КАКО ТРОЈАНСКИ КОЊ НА ДУИ ВО БРВЕНИЦА Владејачката ВМРО-ДПМНЕ

02/11/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА СДСМ КОГА ПРОПАЃАА БАНКИ, А НИВНИ МИНИСТРИ

02/11/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА ЈОТОВА ЗА ПОБЕДАТА Со добра

02/11/2026
Македонија

БРВЕНИЦА ЗАСЛУЖУВА ПРОЕКТИ, А НЕ ПОДЕЛБИ Манасиевски порача дека продолжува

01/11/2026
Македонија

ДИК ГИ ОБЈАВИ КОНЕЧНИТЕ БРОЈКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Јахији

01/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46501
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Љупчо Ристески: Упорноста, трудот и чесноста се клучни за успех (ИНТЕРВЈУ)

02/11/2026

Во ова интервју за порталот NOVINA.mk, Љупчо Ристески зборува за својот ангажман во Министерството за дигитална трансформација, работното искуство во

НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА НЕ Е СОПСТВЕНИК НА ГЛАСОВИТЕ Вреди смета дека граѓанската волја треба да

02/11/2026

Ниту една политичка партија не ги контролира гласовите и не може да бара сопственост над нив. Гласовите им припаѓаат на

НАЈМНОГУ ДОЖД НАВРНА ВО ГЕВЕЛИЈА – 29 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР Дождовите ќе продолжат и

02/11/2026

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, наврнал во Гевгелија

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy