БРВЕНИЦА ЗАСЛУЖУВА ПРОЕКТИ, А НЕ ПОДЕЛБИ Манасиевски порача дека продолжува поддршката од Владата за општината
ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари на жителите на општина Брвеница кои го дале својот глас за кандидат Стојанчо Радичевски, кој загуби во вториот круг од локалните избори.
– Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. Радичевски во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови – изјави Манасиевски.
Тој потсети дека во првиот круг од овие предвремени локални избори, ВМРО-ДПМНЕ апсолутно ги декласирала директните опоненти, СДСМ и Левица.
– Жалиме што Вреди во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразлична партија од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница – порача Манасиевски.
.
Извор: plusinfo.mk