Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛАСТИТЕ ИТААТ КОН РАСТ НА ДРЖАВНИОТ ДОЛГ: Милијарди евра се бараат преку меѓународни арбитражи?!
Македонија

ВЛАСТИТЕ ИТААТ КОН РАСТ НА ДРЖАВНИОТ ДОЛГ: Милијарди евра се бараат преку меѓународни арбитражи?!

09/04/2024

AA

Ризикува ли власта дополнително да го зголеми долгот на државата? Според последните податоци од Народната банка, на крајот од минатата година, нето надворешниот долг на Македонија изнесувал речиси 4,5 милијарди евра во 2023 година, што претставува 32,6% од проценетиот БДП. Од друга страна, буџетот за 2024 година е предвидено да тежи 5,5 милијарди евра, што е за 5,8 отсто повеќе од 2023 година.

Но, пред државата висат и арбитражни постапки кои можат да ги чинат граѓаните и над две милијарди евра. Од она што е познато од последно објавениот Извештај на Државниот завод за ревизија, над 1,3 милијарди евра изнесува потенцијалната отштета што државата ќе ја плати доколку загуби во споровите во меѓународна арбитража. Заводот констатираше дека актуелните судски спорови во коишто е тужена државата би имале финансиски импликации врз буџетот во наредните неколку години.

Освен постоечките пет арбитражни постапки кои се водат против државата во надлежните судови ширум светот, против Македонија се заканува и нова тужба од над една милијарда евра. Станува збор за инвеститорот во рудникот за бакар во „Иловица“, односно компанијата „Еуромакс ресоурсес“. Инвеститорот веќе информираше дека правната основа за евентуално покренување спор пред меѓународните судови, е билатералната спогодба за заштита на инвестиции меѓу Македонија и Швајцарија, потпишана уште во 1996-тата година. Оттаму појаснија дека нивен мнозински акционер е Групацијата Трафигура, која како правно лице подлежи на правото на заштита во согласност со наведената билатерална спогодба.

Изминативе денови менаџментот на компанијата најави дека тужбата против државата е сѐ поизвесна, бидејќи Управниот суд не ја прифати нивната тужба. Компанијата покрена тужба пред овој суд откако Владата реши да ја повлече одлуката за спојувањето на концесиите за рудникот. Владата ја поништи одлуката за спојување на концесиите и покрај позитивното мислење од Министерството за економија и судските пресуди во корист на инвеститорот. Дел од експертите претходно алармираа за правниот основ за поништувањето на една ваква одлука и предупредија дека евентуалната арбитража може скапо да ја чини државата.

Тогаш, министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека владината одлука само ја враќа ситуацијата во статус кво и дека ја изложува Македонија на потенцијална арбитражна постапка, која може македонските граѓани во иднина да ги чини милионски суми како оштета.

– После 5-6, 10 години, моите и вашите деца и на сите граѓани од денешните одлуки можат да патат во иднина и да плаќаат милионски суми за административни – технички пропусти – изјави Бектеши.

Според министерот, сите правници, во Министерството и надворешни адвокатски куќи велат дека одлуката на Владата не ја менува суштината и концесионерот „Еуромакс“ ќе продолжи да има сопственост на двете концесии, а оттаму и право да го повтори барањето за спојување на концесиите. Ваквиот став на економските власти можат дополнително да одат во полза на меѓународната арбитража на инвеститорот.

Од компанијата истакнаа дека покренувањето на меѓународна арбитража никогаш не им била примарна цел, но компанијата ќе биде принудена да го активира процесот доколку оцени дека тоа е единствен начин за да се заштити од несоодветниот третман на државните институции.

Исто така, Заводот за ревизија порача да се утврдат причините поради кои против Македонија се покренуваат арбитражни постапки и да се побара одговорност. За петте спорови од 2018 година па навака се одлеваат пари на граѓаните. Исплатени се 15,6 милиони евра на повеќе адвокатски фирми. Претходно од Владата информираа дека соработуваат со адвокатските фирми „White&Case“, „Orrick, Herrington& Sutcliffe“ и „McDermott Will&Emery“, поради нивниот добар рејтинг на глобалната листа. Само во текот на една година, односно 2021, Генералниот секретаријат на Владата потрошил 3,8 милиони евра за ангажирање на адвокатски друштва за застапување во арбитражни постапки во странство. Според математиките, ако државата ги загуби споровите пред странските судови, секој македонски државјанин ќе биде задолжен за скоро две илјади евра.

Инаку, освен што веќе се ризикува зголемување на државниот долг, со одолговлекувањето на проектот за рудникот за бакар во Иловица, но и со неизвесниот исход од целиот процес, државата веќе загуби сериозен прилив во буџетот. Неколку стотици милиони евра приходи не се слеани во Буџетот само по основ на ненаплатени надоместоци за концесијата и по основ на даноци кои инвеститорот ќе имаше обврска да ги исплати ако започнеше изградбата на рудникот.

Извор: Плусинфо.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ ОТКАЧИЛ ДЕЛ ОД КРАН И УСМРТИЛ РАБОТНИК Трагичен случај

22/04/2026
Македонија

Собранието ја изгласа првата фаза за укинување на техничката влада

22/04/2026
Македонија

Следува период на стабилно и потопло време

22/04/2026
Македонија

Штип ќе се „ресетира“: Елена Бубало и Бојана Ташков во

22/04/2026
Македонија

Уште еден сведок па во судница ќе се читаат обдукциите

22/04/2026
Македонија

КАМИОН СЕ ПРЕВРТЕ НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Двајца повредени, итната помош

22/04/2026
Македонија

АХВ: Немаме увезено спорна бебешка храна на брендот HiPP во

22/04/2026
Македонија

Трагедија во гостиварско: 48-годишен работник загина при одглавување на заглавена

22/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42754
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ ОТКАЧИЛ ДЕЛ ОД КРАН И УСМРТИЛ РАБОТНИК Трагичен случај во гостиварско

22/04/2026

Градежен работник настрада за време на градежни работи на приватна куќа во гостиварското село Градец, соопшти Полициското одделение од селото

Собранието ја изгласа првата фаза за укинување на техничката влада

22/04/2026

Со парламентарно мнозинство, денешната седница на Собранието донесе одлука за утврдување на потребата од носење по скратена постапка на Предлог-законот

Следува период на стабилно и потопло време

22/04/2026

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и јужните делови. Поради продор на постуден воздух на повисоките

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy