Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владиците од ПОА се интегрираа во МПЦ-ОА
Македонија

Владиците од ПОА се интегрираа во МПЦ-ОА

20/06/2023

AA

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) по канонскиот отпуст на архијереите г. Јован, г. Јоаким, г. Марко и г. Давид од Соборот на СПЦ, денеска ги прифати во своја канонска јурисдикција и им определи епархии и задолженија. Синодот на својата редовна седница во пленарен состав одлучи Крушевско-демирхисарската епархија да ја предводи митрополитот г. Јован, со титула митрополит крушевско-демирхисарски, Дељадровско-илинденската епархија – епископот г. Јоаким, со титула епископ дељадровско-илинденски, Делчевско-каменичката епархија – епископот г. Марко, со титула епископ делчевско-каменички, а епископот г. Давид го назначи за викарен епископ на Скопската епархија, со титула епископ дремвитски. Со света архиерејска литургија во црквата „Света Софија“ во Охрид на 5 јуни овој месец беше припоена Православната Охридска Архиепископија (ПОА) со МПЦ-ОА. Светата архиерејска литургија се одржа по повод годишнината од врачувањето на актот на Соборот на СПЦ од страна на српскиот патријарх Порфириј на архиепископот охридски и македонски , г.г Стефан со кој СПЦ одобри и упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, со што се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. На денешната седница на Синодот биле разгледни повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, при што биле усвоени годишните епархиски извештаи, како во земјава, така и во дијаспората. Синодот ја проследил и дејноста на црковните воспитно-образовни институции, при што е распишан и конкурс за уписи на студенти на Православниот богословски факултет и Средното богословско училиште.Светиот архијерејски синод на денешната седница ги разгледал предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост и изразил особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале соопштението од, како што наведуваат сите верски заедници, кои претставуваат над 95 отсто од населението.

– Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие закони за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството. Негативните последиците од ваквите закони веќе ги согледуваат најстарите демократски општества во светот каде веќе се предмет на сериозна критика или отфрлање. Будно следејќи ги сите случувања и активни притисоци за носењето на овие закони, длабоко сме загрижени и доведени до ситуација да мора да го заштитиме и одбраниме семејството, а пред сѐ нашите деца, се вели во соопштението на Синодот.

Во соопштението уште повикуваат во, како што наведуваат, оваа борба за достоинство, слобода и заштита на основните верски права да им се придружи верниот народ, граѓанските здруженија, организации и сите поддржувачи.

– Заедно да ја заштитиме нашата вера и традиција од обидот за нејзиното искоренување спомнат во член 23 точка 5 од Предлог-законот и да излезат на мирен протест пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје на 29 јуни 2023 година во 18 часот, против донесувањето на овие закони, нагласува Светиот синод.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 МОНИКА ЗАЈКОВА НА КОНГРЕС Е РЕИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА

29/11/2026
Македонија

ВЕЕЛЕ ЗНАМИЊА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА Полицијата на тројца ќе им

29/11/2026
Македонија

СИЛИ ВО РЕГИОНОТ САКААТ ДА ГО НЕГИРААТ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ Известувач

29/11/2026
Македонија

ПОЧИНА НОВИНАРОТ МОЈСО МОЈСОВСКИ, УРЕДНИК ВО МАКЕДОНСКОТО РАДИО Ќе остане

29/11/2026
Македонија

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ГО ИДЕНТИФИКУВА ЛИЦЕТО ШТО СТАВИ АЛБАНСКО ЗНАМЕ ВРЗ

29/11/2026
Македонија

СО КАРТА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА АХМЕТИ И ЏАФЕРИ ГО ЧЕСТИТАА

29/11/2026
Македонија

СКВЕРНАВЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ Е НЕДОЗВОЛИВО Остри реакции на ВМРО-ДПМНЕ

29/11/2026
Македонија

ВРАБОТУВАЊА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ, СТИПЕНДИИ И ПОВОЛНОСТИ Владата со системски политики

29/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46994
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 МОНИКА ЗАЈКОВА НА КОНГРЕС Е РЕИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЛДП Доби едногласна поддршка од

29/11/2026

Пратеничката Моника Зајкова, на 9. когрес на партијата, повторно е избрана за претседателка на Либерално-демократската партија (ЛДП). За неа гласаа

ВЕЕЛЕ ЗНАМИЊА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА Полицијата на тројца ќе им поднесе пријави

29/11/2026

Министерството за внатрешни работи најави поднесоци против тројца граѓани кај кои на вчерашниот Ден на албанското знаме е најдено знаме

СИЛИ ВО РЕГИОНОТ САКААТ ДА ГО НЕГИРААТ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ Известувач на ОН рече дека ЕУ

29/11/2026

Специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат, призна дека во регионот постојат силни сили кои се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy