Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки
Економија

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

23/10/2024

AA

Владеачкото мнозинство ги повлече од собраниска процедура спорните предлог измени на Законот за јавни набавки со кои лесно ќе се контролира и одредува составот на Комисијата за жалби по јавни набавки како независна институција.

Само неколку часа откако беше изгласана потребата од донесување на измени и дополнувања на законот за јавни набавки, предлогот е повелчен од страна на предлагачите, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, без образложени. 

Според првите реакции на јавноста, до овој чекор на владеачката оартија доаѓа по силниот притисокот на стручната јавност кој оваа иницијатива ја оцени како намера за да се прекине мандатот на Државната комисија за жалби по јавни набавки, која е независен државен орган, и парламентарното мнозинство да избер нова. Измените на законот преку кои се прави ова беа донесени по итна постапка и без каква било дебата во законодавниот дом.

Според Лидија Петкоска, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, тоа се прави заради заострување на критериумите за избор на претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавни набавки. По повлекување на законот од собраниска процедура, во каква форма ќе биде повторно доставен, Петкоска во емисијата „Топ тема“ на Телма додаде дека тоа ќе зависи од поднесувачите.

Единствено вчера попладне беше изгласана потребата од носење на законот по скратена постапка. Планираното носење на законот по скратената постапка на законот, Петкоска го објасни со „фактот бидејќи станува збор за јавни набавки кои се клучен генератор на криминал и корупција во државата и сметаме дека не смее да се чека ни ден повеќе“.

Пратеникот на „Вреди“, Халил Снопче не знаеше да објасни што се случило во меѓувреме, но истакна дека штом има реакции од експертската јавност и невладините организации, истите треба да се земат во предвид и да се почитуваат.

Државната комисија за жалби по јавни набавки треба да се распушти по брза постапка и да се избере нова од страна на новото парламентарно мнозинство, изгласаа вчера пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од нивната коалиција, за предвремено прекинување на мандатот на членовите и на претседателот на овој независен државен орган.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy