Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛАДАТА СО ОБЕМЕН ПЛАН ЗА 2026 ГОДИНА Над 400 страници со рокови и одговорности
Македонија

ВЛАДАТА СО ОБЕМЕН ПЛАН ЗА 2026 ГОДИНА Над 400 страници со рокови и одговорности

03/02/2026

AA

Владата ја усвои Програмата за работа за 2026 година, стратешки и реформски документ кој ги утврдува приоритетите, динамиката и визијата за развојот на државата во наредниот период, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната прес-конференција по завршувањето на владината седница.

– Владата ја усвои Програмата за работа на Владата за 2026 година која претставува сеопфатен документ од над 400 страници, со јасно дефинирани приоритети и визија за развојот на државата – изјави Митева, нагласувајќи дека станува збор за мапа на реформите кои директно ќе влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните и функционалноста на институциите.

Според неа, Програмата е структурирана по области кои ги опфаќаат надлежностите и на законодавната и на извршната власт, а целта е јасно планирање на реформските процеси и нивна реализација во конкретни рокови.

– Ова е документ кој ја отсликува нашата визија за реформи, стабилност и европска перспектива на државата – истакна владината портпаролка.

Фокус на образование и здравство

Во делот што се однесува на законодавната власт, како што појасни Митева, фокусот е ставен на секторите каде државата има најголема одговорност – образованието и здравството.

– Предвидени се нови и современи системски закони кои го уредуваат високото и средното образование, научно-истражувачката дејност и педагошката служба, како и унапредување на статусот и професионалниот развој на наставниот кадар – рече таа, додавајќи дека овие решенија се насочени кон квалитет, достапност и одржливост на образовниот систем.

Дигитализација и даночни реформи

Митева нагласи дека Владата силно ја турка дигиталната трансформација, меѓу другото и преку нов Закон за електронска фактура.

– Со овој закон дигитализацијата на даночните процедури станува клучен столб на даночната реформа. Ќе обезбедиме поголема ефикасност, транспарентност и значително намалување на административниот товар за граѓаните и компаниите – изјави таа.

Реформа на правосудството и изборното законодавство

Реформата на правосудството, како што посочи портпаролката, останува висок приоритет.

– Во надлежност на Министерството за правда се предвидени измени на Изборниот законик, со целосно инкорпорирање на препораките од меѓународните мисии, како јасен сигнал за нашата посветеност кон демократски стандарди, фер избори и владеење на правото – рече Митева.

Единствен систем на плати во јавната администрација

Особено значаен сегмент од Програмата е реформата на јавната администрација.

– За првпат се предвидува воспоставување на единствен систем на плати во јавниот сектор. Станува збор за решавање на долгогодишен проблем, каде платите се уредуваат фрагментирано и неусогласено. Новото решение носи правичност, транспарентност и усогласеност со Реформската агенда – нагласи Митева.

Вработување, економија и национално брендирање

Во вториот дел од Програмата, кој се однесува на одлуките и актите на Владата, предвидени се низа програми насочени кон подобрување на животниот стандард.

– За 2026 година е планиран Оперативен план за активни мерки за вработување, усогласен со реалните потреби на пазарот на трудот, со цел зголемување на опфатот на невработени лица и интеграција на ранливите категории – изјави таа.

Дополнително, се отвора и ново поглавје преку национално брендирање на туризмот, економијата и државата.

– Ова е силна можност Македонија да се позиционира како атрактивна туристичка дестинација и стабилна економија со сериозен инвестиционен потенцијал – посочи Митева.

Поддршка за младите лекари и дигитални вештини

Во здравствениот сектор, најавена е подготовка на Стратегија за млади лекари за периодот 2026–2030 година.

– Целта е задржување и мотивирање на медицинскиот кадар, преку системска поддршка, менторство и континуирана едукација – рече Митева.

Таа најави и формирање Центар за дигитални вештини во јавната администрација.

– Дигитализацијата не е проект, туку долгорочен процес. Центарот ќе биде наменет за сите нивоа во администрацијата – од раководни структури до целокупниот административен кадар – истакна портпаролката.

Програма со јасна визија и одговорности

– Оваа Програма е јасен план со визија, рокови и одговорности. Таа ја отсликува политичката волја на Владата за реформи, стабилност и европска иднина – заклучи Митева, додавајќи дека документот ќе биде објавен на веб-страницата на Владата откако ќе ги помине сите владини процедури.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy