Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата со државна помош спасува американски инвеститор со загуби во Македонија
Економија

Владата со државна помош спасува американски инвеститор со загуби во Македонија

07/03/2024

AA

Владата упорно сака со доделување на државна помош на Вабтек МЗТ АД Скопје да го спаси американскиот инвеститор од континуираното бележење загуби. Оваа инвестиција работи во кругот на поранешен „Металски Завод Тито“ во Скопје и произведува сопирачки за возови, главно за странските пазари, но секоја година бележи евидентни минуси во работењето, иако има големи приходи.

Најверојатно токму поради тоа, Владата во изминатиот период решила да му додели државна помош со тоа што Вабтек МЗТ ќе се пресели во една од скопските технолошко-индустриски развојни зони.

Последниот извештај за работењето на оваа компанија за периодот од 1 јануари до 30 септември 2023 покажува дека е направена загуба од безмалку 82 милиони денари и покрај тоа што биле остварени продажби од 1,76 милијарди денари. Извештаите од „Македонска берза“ покажуваат дека друштвото за 2022 остварило загуба од работењето од безмалку 2 милиони евра. Претходно, за 2021 пријавената загуба од редовното работење била 5 милиони евра.

Во меѓувреме, Комисијата за заштита на конкуренцијата во текот на септември минатата година дала негативно решение на ваквата државна помош со аргумент дека не може веќе постоечка „градска“ инвестиција да се сели во слободните зони за да добие државна помош. По ова следувало жалба од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони до Управниот суд, кој на 20 декември донел пресуда во корист на жалителот и му наложил на комисијата да го преиспита мислењето. Одлуката е објавена на самата веб-страница на КЗК.

Комисијата се изјаснила негативно и побарала од Вабтек МЗТ да ја задржи постоечката инвестиција, односно објект и вработени во Скопје, доколку сака државна помош за паралелно нова инвестиција во ТИРЗ Скопје 2, нешто што дошло како непланиран удар за Владата, која сакала на американскиот инвеститор да му помогне со четири мерки. Според известувањето кое го објавува КЗК, предлог договорот за државна помош за производителот на сопирачка опрема бил подготвен уште во јануари 2022

Вабтек МЗТ е формирана од три индустриски гиганти од САД и Франција, има производствени погони ширум светот, а во Македонија има 370 вработени. Во својот производствен капацитет работи по исклучително висока технологија, а деловите се користат во најпознатите метро сообраќајници.

На кратко, пресудата е КЗК повторно да разгледа издадено решение кое е прогласено за ништовно – нешто за што не постои логика. При одлучуваеето Судот се водел исклучиво рестриктивно според Законот за ТИРЗ и Законот за контрола на дрзавната помос, а помалку според Уредбата за условите и постапката за доделуванје регионална помош Според оваа Уредба, помошта може да се додели за почетни инвестициски вложувања а тоа значи основање на ново претпријатие, проширување на постојно претрпијатие, или за стекнување на основни средства на претпријатие кое би се затворило. Дали и за кој облик од наведените облици на почетни инвестициони вложувања тука би станало збор доколку се префрла опрема и вработени во зоната?

Прашањето што се поставува е дали ако во повторното разгледување од страна на КЗК, се донесе поинакво решение како што укажува Судот, ќе се реализира инвестицијата од страна на компанијата… или пак едностано, тука станува збор за чиста демонстрација на сила на извршен органврз надзорен/регулаторен орган, без конкретен бенефит за компанијата или дрзавата?!

Како во претходните случаи на македонски фирми кои инвестирале во ТИРЗ истиот услов за одржување на инвестиција и луѓе во постоечкиот обем надвор од ТИРЗ не претставувало проблем, а сега за голема корпорација истиот услов е „незаконски” – според толкуванјето на судот?! Тука е и невообичаеното кратко време за Управниот суд при донесување на пресудата споредено со траењето на постапки пред истиот суд иницирани од компании против управни органи (во просек над 18 месеци).

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy