Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата со 500.000 евра ќе го модернизира „Градски парк“!
Спорт

Владата со 500.000 евра ќе го модернизира „Градски парк“!

22/12/2023

AA

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука за прераспределба на средства од државниот буџет за 2023 година во износ од 30 милиони денари, односно околу 500.000 евра кои ќе бидат искористени за реконструкција на 70 години стариот дом на Работнички.

Салата „Градски парк“ одамна не ги исполнува условите за прволигашка кошарка затоа што поранешниот кошаркарски храм е во очајна состојба, а доказ за тоа е и неодамнешниот прекин на меч од Втората лига кога паркетот беше прекриен со вирови со вода поради протекување од покривот.

Централната власт реши да го спаси стариот дом на Работнички, откако денеска соопшти дека ѝ наложила на Агенцијата за млади и спорт (АМС) да ги префрли паричните средства на Општина Центар со цел да се реконструира салата, но засега не се откриваат повеќе детали.

„Владата, на денешната седницa донесе и Одлука за прераспределба на средства од Буџетот на Република Македонија за 2023 година, конкретно од Агенцијата за млади и спорт кон Општина Центар. Станува збор за 30.000.000 денари, што согласно владината одлука, се наменети за реконструкција на спортска сала ‘Работнички’ – Градски парк, општина Центар, во Скопје. Задолжена е Агенцијата за млади и спорт, средствата да ги префрли на посебна наменска сметка на Општина Центар. Согласно владината одлука, прераспределените средства кон Општина Центар се исклучиво за намената за којашто се доделени, односно за реконструкција на спортска сала ‘Работнички’ – Градски парк, општина Центар“, се вели во одлуката на Владата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026
Македонија

Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните

16/08/2026
Македонија

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026
Македонија

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити

16/08/2026
Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска

16/08/2026
Македонија

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро, има повредено лице

16/08/2026
Македонија

4 активни пожари низ Македонија

16/08/2026
Македонија

Операција „Вардарис“ разби шема за шверц: Дрога вредна милиони скриена

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45048
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026

Денеска, во 12:04 часот, преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава за повредено лице кое се наоѓало

Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните бараат итна реакција!

16/08/2026

Скендал и бран реакции во јавноста предизвикаа фотографиите и видеата од потопената црква „Св. Никола“ во Маврово, на кои се

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026

На 16.08.2026 околу 02:35 часот во СВР Скопје К.Б.(70) од Скопје пријави дека во с.Бардовци, скопско кон домот бил фрлен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy