Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата повторно додели земјиште на фирма обвинета во „Адитив“
Економија

Владата повторно додели земјиште на фирма обвинета во „Адитив“

11/06/2025

AA

Владата повторно дозволи да му се издаде под закуп огромно земјоделско пространство на „ХемАлијанс“, фирма обвинета во случајот „Адитив“, чие судење започна пред две недели кое се однесува на набавката на хемиски препарат против созадавање на згура и троска во котлите на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј.

Во случајот обвинети се 31 физичко и пет правни лица, а „ХемAлијанс“ е една од обвинетите правни субјекти. Обвиненијата вклучуваат и пререгистрација на правни субјекти за манипулација со тендери, како и перење пари во износ од над 414 милиони денари.

Меѓу обвинетите се и шест поранешни директори во Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски кој е во бегство, Васко Стефанов, Пеце Матевски, Ардијан Муча, Данчо Стојановски, како и поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, кој е поврзан со семејната фирма „ХемАлијанс“.

Владата на седницата на 3 јуни донела одлука за согласност за случување на договор за закуп со оваа фирма за земјоделско земјиште во неготинско Пепелиште од над шест хектари во непосредна спогодба.

„Со оваа одлука се дава согласност за склучување на Договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Друштвото за производство, трговија и услуги ХЕМАЛИЈАНС ДООЕЛ Неготино, со седиште во Населено место без уличен систем Пепелиште, Неготино, за земјоделско земјиште под долгогодишен насад кое се наоѓа на КП бр.1601/26, место викано “Бела Земја”, катастарска култура нива, катастарска класа 4, со површина 6ха 64ари 23м2, запишано во Имотен лист бр.1086 за КО Пепелиште, во сопственост на Република Северна Македонија“, објавено е во Службен весник.

Семејната фирма на Стојановиќ, поранешен директор на термоцентралата во Неготино, инаку осомничен во случајот „Адитив“ но и под лупа за најмалку уште една спорна јавна набавка, и претходно во февруари од Владата доби дозвола за долгогодишен закуп на државно земјоделско земјиште.

Се работи за површина од над 7 хектари која на владина седница на 4 февруари е доделена на Хем-Алијанс Неготино. Земјиштето се наоѓа на катастарска парцела во Пепелиште,од каде е и самата фирма. Министерството за земјоделство добило дозвола од Владата во рок од 30 дена да го потпшише договорот за закуп.

Пред повеќе од две години Хем-Алијанс доби тендер од 630 илјади евра за набавка на  „чисто органско биоразградливо соединение за спречување на појава на прашина од одложена пепел “ за потребите на РЕК Битола, додека Стојановиќ беше директор на ТЕЦ Неготино. Оправдувањето од Електрани на Македонија тогаш беше дека набавката е спроведена во РЕК Битола и истата во никој случај не се однесувала за ТЕЦ Неготино.

Во декември, кога беше отворен случајот,  Милица Стојановиќ, сопруга на Небојша Стојановиќ се повлече од директорското место на Хем-Алијанс од Неготино, а нов раководител е Стефка Стојанов. Сопственик на фирмата е Мирко Стојановиќ.

Иако основната дејност на Хем-Алијанс е одгледување на лозје, трите подружници се трговија на големо со хемиски производи, производство на друг мебел и „дејности на советување во врска со работењето и останато управување“. Приходите на оваа фирма достигнале до 3 милиони евра, иако лани биле помали.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
Македонија

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026
Македонија

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42367
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026

Облачно време со услови за слаб дожд во источните делови ја одбележува денешната прогноза, додека температурите ќе се движат до

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026

Годинава, празничната атмосфера пред Велигден не ја следи иста еуфорија на пазарите. Иако тезгите се полни, а понудата разновидна, купувачите

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026

Во пресрет на велигденските празници, лекарите апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при подготовката и консумирањето на храната, бидејќи токму

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy