
Владата нема да ги прифати предлозите на трговците и на СДСМ
Се очекува Владата денеска да донесе одлука за утврдување маржи на производите на големо и мало. Како што дознава Алсат, Владата нема да ги прифати предлозите и барањата на трговците, туку ќе одлучи што тие првично предложиле, а тоа е утврдување на маржи од 10 отсто за производите на големо и за мало. Мерката се очекува да опфати околу 100 групи производи.
Од ВМРО ДПМНЕ пак велат дека нема да ги поддржат предложените законски мерки на СДСМ, како што е намалувањето на ДДВ на сметките за електрична енергија.
Според владејачката партија, токму СДСМ е таа која го зголемила ДДВ-то за одредени производи од 5 на 10 отсто.

