Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата и УПОЗ се договорија за етапно зголемување на платите во државната управа и правосудството
Македонија

Владата и УПОЗ се договорија за етапно зголемување на платите во државната управа и правосудството

05/02/2026

AA

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), Трпе Деановски, по денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски и владини претставници изјави дека Владата го прифатила барањето на синдикатот, но не во целост.

„Важно е што се прифати исплата на додатоците на плати за вработените во државната управа и правосудството. Како што најавувавме минатата година, зголемувањето ќе се реализира на неколку години, во три рати по 8 отсто, за жал не по 10 отсто. Не ги добивме лани, но сега Владата прифати да ги исплаќа од март годинава“, рече Деановски.

Според него, за реализација на договорот, институциите од државната управа и правосудството (судови, обвинителства итн.) ќе треба да потпишат поединечни колективни договори. Тие прво ќе се подготват заедно со претставници на Владата и синдикатот, а потоа ќе бидат ставени на гласање пред органите и телата на УПОЗ.

„Доколку членовите ги прифатат, веднаш може да продолжиме со потпишување. Ако не ги прифатат, Владата ќе добие одговор дека е изгубена една година, а работниците можеби ќе бараат повисоки износи од понуденото. Тогаш ќе видиме дали Владата ќе условува со откажување од други права“, додаде Деановски.

УПОЗ преку соопштение информира дека во 15:30 часот денеска ќе свика состанок на своите органи и тела за да ги информира за новата состојба.

Во соопштението се наведува дека зголемувањето на платите за вработените во управата и правосудството е поголемо од она предвидено со Општиот колективен договор за јавниот сектор, што претставува поповолно право за работниците. Минималната плата останува компонента во пресметката на платите, а борбата за нејзино зголемување продолжува – со што ќе се зголемат и платите на сите работници кои ја имаат во пресметката. За единиците на локалната самоуправа, платите може да се зголемат преку поединечни колективни договори.

Средбата дојде откако премиерот Мицкоски претходно ја даде понудата за раст на платите, која УПОЗ ја оцени како прифатлива, со дополнителни разговори во синдикалните структури.

Мицкоски вчера изјави дека Владата има своја формула за пресметка на платите во администрацијата, со која повеќето синдикати се согласуваат. Формулата предвидува етапно зголемување, што ќе значи повисоки примања од колку само растот на минималната плата.

Ова е првиот чекор кон решавање на долгогодишните барања на УПОЗ, но конечната одлука зависи од внатрешното гласање во синдикатот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ИСТОРИСКИ ИСЧЕКОР Е ШТО ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГОТ ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ

10/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ПРАВИ ХИСТЕРИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА ДА Ѝ НАШТЕТИ

10/11/2026
Македонија

СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ГО СКРАТИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ Од викендот заладување

10/11/2026
Македонија

ПРЕД ДА ПРОГЛАСУВАТЕ ИСТОРИСКИ ПОБЕДИ, ПОЧЕКАЈТЕ ГИ СТРУЧНИТЕ СТАВОВИ НА

10/11/2026
Македонија

ЕУ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ Е ЦЕЛОСНА БЕЗ ЗЕМЈИТЕ ОД

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46710
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК Полицијата да реагира, дигиталниот простор

10/11/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржините објавени на социјалната мрежа Фејсбук, насочени кон новинарката

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА МИХАИЛОВА Избеганата обвинува за „државен

10/11/2026

Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска на граничниот премин Делчево бил спроведен службен разговор со бабата на Ива Михаилова,

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА МИХАЛОВА Избеганата обвинува за „државен

10/11/2026

Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска на граничниот премин Делчево бил спроведен службен разговор со бабата на Ива Михаилова,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy