Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата и официјално побара од Министерството за правда да предложи разрешување на Љупчо Коцевски
Македонија

Владата и официјално побара од Министерството за правда да предложи разрешување на Љупчо Коцевски

18/02/2025

AA

На денешната владина седница беше разгледано мислењето на Министерството за правда во врска со поведувањето постапка за разрешување на јавниот обвинител. По обемна дискусија, Владата донесе одлука да ја продолжи постапката, повикувајќи се на сериозни недостатоци во работењето на јавниот обвинител.

Во мислењето на Министерството за правда се нотирани повеќе проблеми, меѓу кои нарушениот углед на институцијата, сериозни правни пропусти, незаконски постапувања, корупција и неефикасност во работењето на Јавното обвинителство. Според Владата, ваквите состојби не се само нејзина перцепција, туку се потврдени од стручната јавност и релевантни извештаи со конкретни показатели.

„Овие дејствија предизвикаа сериозни последици врз функционирањето на Јавното обвинителство и претставуваат намерна и неоправдана професионална грешка“, се вели во соопштението на Владата.

Поради тоа, Министерството за правда е задолжено да изготви официјален предлог за разрешување на јавниот обвинител, кој Владата ќе го достави до Советот на јавните обвинители. Овој орган, согласно законските процедури, треба да даде свое мислење пред да биде донесена конечната одлука.

Владата истакна дека покрај правната одговорност, јавниот обвинител има и широка општествена одговорност, особено кон граѓаните, чии интереси треба да ги штити.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАЦИОНАЛЕН ФРОНТ ПРОТИВ ПОЖАРИТЕ: Над 250 доброволни пожарникари обединети под

16/07/2026
Македонија

ШВЕРЦ НА ДЕВЕ БАИР: Запленети 2.000 вијали со медицински раствор

16/07/2026
Македонија

Пропадна и случајот „Тотал“ против Латас – обвинителот се откажа,

16/07/2026
Македонија

Регистрирани 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози,

16/07/2026
Македонија

Викендов температури до 40 степени во делови од Македонија

16/07/2026
Македонија

Изгаснат пожарот во охридското село Рамне, интервенираа 12 пожарникари

15/07/2026
Македонија

Не очекува екстремно жешка седмица, температурите ќе достигнат и до

15/07/2026
Македонија

Апел за будност: Забележана мечка над охридското село Горно Коњско

15/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44419
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАЦИОНАЛЕН ФРОНТ ПРОТИВ ПОЖАРИТЕ: Над 250 доброволни пожарникари обединети под иста команда на ДЗС

16/07/2026

Повеќе од 250 доброволни пожарникари од цела Македонија денеска се построија во скопската касарна „Гоце Делчев“, на настан организиран од

ШВЕРЦ НА ДЕВЕ БАИР: Запленети 2.000 вијали со медицински раствор сокриени во камион со алуминиумски

16/07/2026

Мобилен тим на Царинската управа спречи обид за нелегален увоз на поголемо количество медицински препарати на граничниот премин Деве Баир.

Пропадна и случајот „Тотал“ против Латас – обвинителот се откажа, настапи и застареност

16/07/2026

Уште еден судски предмет на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) доживеа целосно правно фијаско. Основниот кривичен суд Скопје донесе одбивателна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy