Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГОТ ЗА КАНДИДАТИ ЗА СУДИИ ВО СТРАЗБУР Следно е да се бара мислење од експерти од Советот на Европа
Македонија

ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГОТ ЗА КАНДИДАТИ ЗА СУДИИ ВО СТРАЗБУР Следно е да се бара мислење од експерти од Советот на Европа

13/01/2026

AA

Владата на денешната седница го усвои предлогот на Комисијата за номинирање кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Понатаму, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експертите при Советот на Европа во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати, професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошкова.

По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, како што информираат од владината прес-служба, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Владата на денешната 141. седница била информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права. Во таа насока Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како што информираат од владината прес-служба, ја презентирала Информацијата за реализираните активности во согласност со известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.

Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур во ноември минатата година ги предложи адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска и професорот Сашо Георгиевски да бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа.

Како што информираше претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, тогаш на прес-конференција, одлуката ја донеле врз основа на критериумите за висок морален углед, квалификации за судиска функција и признат правнички углед.

Покрај избраните, меѓу кандидатите биле Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ и Ана Дангова-Хуг.

Владата во јули минатата година ја поништи претходната предлог-листа и формира нова Комисија за избор на кандидат за судија во ЕСЧП во Стразбур, која наместо претходните девет, брои пет члена, и тоа претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, заедно со претседателите: на Врховниот суд – Африм Фидани, на Основниот кривичен суд – Даниела Димовска, Основниот граѓански суд – Бесник Авдија и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители – Ирина Трајкоска Стрезоски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy