Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата го става Коридор 8 на мапата на Западен Балкан за ЕУ да нема забелешки
Економија

Владата го става Коридор 8 на мапата на Западен Балкан за ЕУ да нема забелешки

15/05/2023

AA

Извори од Владата брифираат дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски е на пат за Црна Гора, каде што Коридорот 8, на кој американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка ќе гради три автопати, треба документирано да се најде на мапата на главни коридори на Западен Балкан.

Со овој потег Коридор 8 треба да стене видлив за трансевропските мрежи и со тоа да се омекне ставот на ЕУ, каде што засега владее резервирано мислење за тоа дали треба по скратена постапка, односно со европско знаменце, да се носат спорните законски измени наменети за изградбата на автопатите од страна на изведувачот Бехтел и Енка.

Според узворите од Владата, засега нема официјална реакција од ЕУ пристигната до Владата, но во Секретаријатот за европски прашања кој го води вицепремиерот Бојан Маричиќ пристигнало писмо преку кое ЕУ бара детално објаснување за проектот, односно како Владата планира да го спроведе. Од кабинетот на Маричиќ рекле дека станува збор за кредибилен и транспарентен проект поддржан од специјален закон со кој автопатите треба да се изградат побрзо и поевтино.

Иако Делегацијата на ЕУ во земјава недвосмислено застана против европското знаменце на законските измени поврзани со изградбата на коридорите кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“, иако Владата истите, со ЕУ знаменце, веќе ги достави до Собранието.

ЕУ реагираше дека европското знаменце не треба да се користи за скратување на јавните консултации или за решавање на процедуралните тешкотии во законодавниот дом.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО

26/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Се

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45821
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ ЗАРОБЕНАТА ПАРТИЈА Ивановски му порача

26/09/2026

Венко Филипче и кликата околу него, која што е политичко бизнис профитерска се фракцијата во СДСМ. Членството во огромно мнозинство,

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА Претходно објавил видео на социјалните

26/09/2026

Тетовец осомничен за силување дете сам се пријавил во полиција синоќа откако претходно објавил видео на социјалните мрежи, соопшти полицијата.

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ЕУ Европратеникот

26/09/2026

Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy