Владата дели стипендии за студенти со македонско потекло кои живеат на Балканот
Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за образование и наука, донесе Одлука за доделување стипендии на странски државјани, од интерес за Република Северна Македонија.
Станува збор за предвидени 50 стипендии за странски државјани, студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров, а кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети, и тоа: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје и Универзитетот во Тетово, во студиската 2023/2024 година.