Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 176-та владина седница, ова се новите одлуки!
Македонија

176-та владина седница, ова се новите одлуки!

01/08/2023

AA

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, на предлог на Министерството за култура, донесе одлуки за формирање две национални установи поврзани со афирмација на настани и личности значајни за илинденскиот период и за македонската државност.

Владата ја разгледа Информацијата за потребата од основање нова Национална установа Центар за култура „Десет дена Крушевска Република“ – Крушево и донесе ваква Одлука.

Со основањето на оваа национална установа, се очекува поттикнување на творештвото на современиците инспирирано од Илинден и борбата на македонскиот народ за национално ослободување и за афирмација на Република Северна Македонија.

Национална установа Центар за култура „Десет дена Крушевска Република“ – Крушево, ќе биде сместена во објектот на Националната установа Историски Музеј – Крушево, што е во сопственост на Република Северна Македонија.

Владата ја разгледа и Информација за потребата од основање нова Национална установа, Манифестација „Денови на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, Демир Хисар и донесе ваква Одлука.

Националната установа Манифестација „Денови на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, Демир Хисар, како што е посочено во Информацијата, ќе ги одбележува деновите на Смилевскиот Конгрес, како историски настан од значење за македонскиот народ и за спомените за Даме Груев. А ќе биде сместена во објект во село Смилево, што е во сопственост на Република Северна Македонија, односно во некогашната куќа на револуционерот Даме Груев.

Смилевскиот конгрес е одржан од 2 до 7 мај 1903 година во село Смилево, Демир Хисар. Овој Конгрес според одлуките што ги донел, претставува една од значајните етапи во подготовките на Илинденското востание. Со тоа, Смилевскиот Конгрес е настан длабоко врежан во свеста на македонскиот народ, што трајно ја определил неговата иднина. А спомените за ликот и делото на Даме Груев, како и други историски личности и настани, се постојан потсетник за поставувањето на темелите на македонската државност.

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за образование и наука, донесе Одлука за доделување стипендии на странски државјани, од интерес за Република Северна Македонија.

Станува збор за предвидени 50 стипендии за странски државјани, студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров, а кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети, и тоа: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје и Универзитетот во Тетово, во студиската 2023/2024 година.

Владата, на предлог на Министерството за образование и наука донесе и Одлука за давање согласност на конкурсите за запишување на студии од втор циклус на јавните високообразовни установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот во Тетово, Државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во академската 2023/2024 година, а по доставување на предлозите за запишување на студенти во втор циклус на студии за академската 2023/2024 година.

Владата, на предлог на Министерството за образование, донесе и Одлука за давање согласност на конкурсите за запишување на студии од трет циклус на јавните високообразовни установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, во академската 2023/2024 година, а по доставување на предлозите од универзитетите за конкурсите за запишување студенти во трет циклус – докторски студии, за студиската 2023/2024 година.

Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија во Сојузна Република Германија, за учество на вежбата „Saber Junction 23“.

Оваа вежба, според Образложението од Министерството за одбрана, е во организација на вооружените сили на Соединетите Американски Држави и во неа, покрај припадници од вооружените сили на САД, ќе учествуваат и претставници од неколку земји членки на НАТО и земји од партнерството за мир. А, целта е обнова на знаења и споделување искуства, што се неопходни за персоналот на Армијата, за извршување на мултинационални операции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
Македонија

ТЕЛЕКОМ СВИКА РОДИТЕЛСКА СРЕДБА Темата беше заштита од врсничко насилство

28/09/2026
Македонија

ЈАВНОСТА СВЕДОЧИ НА РАСПАД ВО ЖИВО НА СДСМ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ

28/09/2026
Македонија

ДРЖАВАТА ГИ СЛУШНА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ Изработи прирачник за

28/09/2026
Македонија

ПОЧИНА 70-ГОДИШЕН МАЖ ОД АЕРОДРОМ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Десетта жртва

28/09/2026
Македонија

ДВАЈЦА БЕСНЕЕЛЕ ВО КАЗИНО, НЕКОЛКУ ГОСТИ ЗАВРШИЈА НА КЛИНИКА Гаѓале

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45851
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16 млади Македонци заминале во Србија,

28/09/2026

Најмалку 16 млади момчиња од Македонија досега биле идентификувани како лица кои заминале во Србија и биле вовлечени во активности

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ ДАВАШЕ РАЗЛИЧНИ ОДГОВОРИ Вештакот тврди

28/09/2026

Во Основниот суд Куманово, денеска продолжи судењето против Трајче Бојковски, од општина Старо Нагричане, обвинет за четири убиства на жени

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица-Радовиш

28/09/2026

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Струмица–Радовиш, на делницата меѓу

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy