Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата дава 4 милиони евра на фирми за да не биде тужена пред Стразбур
Економија

Владата дава 4 милиони евра на фирми за да не биде тужена пред Стразбур

19/06/2023

AA

Владата им нудела спогодбено 4 милиони евра на фирми за да не биде тужена пред Европскиот суд за човекови права. Во заклучокот на владината седница на 10 мај пишува дека преку владин агент до Стразбур бил поднесен предлог за 16 случаи. Во оваа сума покрај материјалната, е наведена и нематеријална штета и трошоци. 

Од оваа сума , најголемо побарување има Каргомакс ДООЕЛ Миладиновци Илинден. Фирмата која увезува автобуси и камиони под брендот Iveco треба да прифати понуда од 110.205.789 денари за да се повлече од меѓународната тужба. Меѓу останатите компании на кои им се нуди обештетување има голем број осигурителни компании, а таму е и градежниот гигант Гранит на кого му се нудат 12.320.936 денари. Има и субјекти кои се анонимни за јавноста како Технокар Сашо ДООЕЛ Скопје со износ од 11.236.771 денари и ЈСАРГО ДООЕЛ Скопје со износ од 12.824.304 денари. 

„Државата на
апликантите ќе им исплати вкупно 245.923.616,00 денари или износите наведени
подолу соодветно, кои ги покриваат сите побарувања кои се предмет на спогодување
по основ на материјална штета, нематеријална штета и трошоци, под услов
апликантите да се откажат од било какви дополнителни побарувања од државата или
доверителите (државни субјекти) по основ на апликациите или нивните соодветни
делови кои се предмет на спогодување, со обврска апликантите по донесувањето на
одлуката на Европскиот суд за човекови права врз основа на спогодување, а пред
исплатата на досудениот износ прифатен за целите на спогодување, да достават доказ
за запирање на тековните извршни постапки за побарувањата кои се предмет на
спогодување, а со обврска досудениот износ да се намали за сите евентуални износи
наплатени од доверителите во меѓувреме, а до денот на запирањето на извршните
постапки“, пишува во владиниот записник.

Во записникот стои дека Европскиот суд за човекови права бил известен дека дополнителна спогодба треба да има и за предмети поврзани со АД Бетон Скопје, Специјал Продукт ДООЕЛ Скопје и Евроинс Осигурување АД Скопје на
начин што апликантите ќе ги повлечат апликациите пред Стразбур. Во третиот дел од записникот се вели дека Владата не прифаќа спогодбено решевање на други четири предмети поврзани со АД Бетон, Пуцко Петрол и две осигурителни компании.

Рокот за решавање на споровите со овие фирми истекол на 15 мај. „Фактор“ до службата за односи со јавност на Владата поднесе барање за подетално објаснување  на предлог-одлука донесена на 153 седница, но од таму не добивме одговор. Единственото неформално објаснување беше дека станува збор за затворена седница на која не присуствувале службите за јавно информирање.

Останува неодговорено по кои основи Владата е тужена од 16 економски оператори-апликанти пред Европскиот суд за човекови прав, за чие спогодување Владата донела предлог да им се исплатат вкупно 245.923.616 денари, колкави се нематеријалните трошоци, колкумина оператори ја прифатиле понудената сума и колку средства до сега се исплатени по оваа предлог-одлука.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy