Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шпанија ја освои Лига на нации, Модриќ (ќе) се пензионира без трофеј со Хрватска (ВИДЕО)
Спорт

Шпанија ја освои Лига на нации, Модриќ (ќе) се пензионира без трофеј со Хрватска (ВИДЕО)

18/06/2023

AA

Репрезентацијата на Шпанија е третиот победник во историјата на Лигата на нации, откако по рововска борба, која траеше повеќе од 120 минути, во вечерашното финале во Ротердам ја совлада Хрватска дури по изведување пенали.

Регуларниот дел и продолженијата завршија без ниту еден гол, во трвда игра без многу шанси, по што победникот мораше да биде решен со удари од белата точка. Херој во таборот на „црвената фурија“ беше голманот Унаи Симон, кој со пантерски скокови одбрани два пенали на „коцкестите“ и беше најзаслужен за успехот на својата селекција.

🚨🚨| Carvajal SCORES and Spain win the Nations League!

pic.twitter.com/vSfAuATm5c

— CentreGoals. (@centregoals) June 18, 2023

Ова беше исклучително емотивна вечер за хрватската селекција, со оглед што натпреварот, засега неофицијално, беше најавен како последен за Лука Модриќ во репрезентативниот дрес, поради што на стадионот имаше далеку повеќе навивачи со „шаховници“ во рацете со желба да го пензионираат својот херој со прв репрезентативен трофеј во кариерата. Но, Хрватите немаа среќа, па ѕвездата на Реал Мадрид нема да може со трофеј од големо натпреварување да ja круниса 17-годишната репрезентативна кариера во која досега собра 165 настапи со 24 постигнати гола.

Пред Шпанија, победници во Лигата на нации беа Франција односно Португалија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сали: Македонија останува силен поддржувач на Украина на патот кон

15/07/2026
Македонија

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и

15/07/2026
Македонија

Историска пресуда во Македонија: За „перење пари“ повеќе не е

15/07/2026
Македонија

Малолетни сведочеа за трагедијата во „Пулс“: Видовме полицајци во дискотеката

15/07/2026
Македонија

Расветлено убиството на Ацо Трповски: Уапсени сопружници, откриени шокантни детали

15/07/2026
Македонија

Таткото на Меланија доби кривична пријава и заврши во психијатриска

15/07/2026
Македонија

Од септември се воведува „просечна потрошувачка кошничка“

15/07/2026
Македонија

Мицкоски за ослободителната пресуда за случаите Талир 1 и Талир

15/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сали: Македонија останува силен поддржувач на Украина на патот кон ЕУ

15/07/2026

Македонија ќе продолжи да биде сигурен партнер на Украина и да ја поддржува во нејзините напори за мир, безбедност и

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче, случајот за таткото се

15/07/2026

Апелациониот суд во Скопје ја потврдил првостепената пресуда со која Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се

Историска пресуда во Македонија: За „перење пари“ повеќе не е потребна пресуда за основното кривично

15/07/2026

Основниот кривичен суд Скопје објави дека е донесена првата домашна пресуда со која обвинет е осуден за кривичното дело „перење

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy