Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Влада: Решен е горливиот проблем во Чашка: од утре продолжува редовната настава за сите ученици во ОУ „Тодор Јанев“
Македонија

Влада: Решен е горливиот проблем во Чашка: од утре продолжува редовната настава за сите ученици во ОУ „Тодор Јанев“

13/02/2024

AA

Учениците од Основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка, од утре се враќаат на настава. Под покровителство на премиерот Талат Џафери, во координација на Министерството за образование и наука, а со учество на пратениците од сите политички партии, претставниците на локалната самоуправа и засегнатите страни, информираме дека изнајдено е решение за продолжување на воспитно – образовниот процес во ова училиште, за сите ученици и тоа на нивниот мајчин јазик.

Наставата за сите ученици од ова училиште времено ќе се реализира во постојниот објект, односно до крајот на учебната година и по адаптирани наставни програми, со цел совладување на материјалот кој е пропуштен поради неодржувањето на часовите во изминатиот период.

Решението на горливиот проблем, кое во форма на спогодба е потпишано од министерот за образование и наука, градоначалникот на Чашка и директорката на училиштето, предвидува враќање на одземените ингеренции на градоначалникот во делот на управување со училиштето од страна на Министерството за образование и наука, како и изградба на нов училишен објект, како трајно решение на предизвикот кој го доведе во прашање образованието на мајчин јазик на учениците од оваа општина.

Изградбата на објектот ќе биде заедничка обврска на министерството и општината. Чашка ќе отпочне иницијатива за основање на нов правен субјект, ќе обезбеди локација и комплетна урбанистичко – планска документација, додека МОН ќе обезбеди финансиски средства и ќе го реализира инфраструктурниот проект. Новото училиште треба да биде изградено до крајот на тековната календарска година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ИЗБЕГАЛА ВО БУГАРИЈА НАДВОР ОД ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Ја

12/11/2026
Македонија

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК

12/11/2026
Македонија

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И

12/11/2026
Македонија

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО

12/11/2026
Македонија

ПЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НАПАДОТ ВО ВЛАЕ

12/11/2026
Македонија

ЗА НИВНО ДОБРО Е СТУДЕНТИТЕ СОВЕСНО ДА ГИ КОРИСТАТ ОБЈЕКТИТЕ

12/11/2026
Македонија

СДСМ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТРАЈКО СЛАВЕСКИ Бара да му

12/11/2026
Македонија

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА НА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР На места ќе дува

12/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46747
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИВА МИХАИЛОВА ИЗБЕГАЛА ВО БУГАРИЈА НАДВОР ОД ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Ја нема на ниту една камера,

12/11/2026

Досегашната истрага за бегството на обвинетата Ива Михаилова од Кочани во Бугарија покажа дека таа во критичниот период не е

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК БИТОЛА Го оштетил комбинатот за

12/11/2026

Две години казна затвор за Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК „Битола“ пресуди денеска битолскиот суд за незаконитости во тендерот

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И ЗА НЕРИЗИЧНИТЕ ГРУПИ, НО ПРИВАТНО

12/11/2026

Минатата недела 26.000 вакцини против грип се пристигнати во Словенија, а очекуваме утре, најдоцна в понеделник, да бидат во употреба

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy