
Вистинска драма во Велес: Додека бегал од напаѓачи кои пукале во него со возилото удрил во полициски автомобил
47-годишниот К.В. од село Кочилари, во синоќешната ноќ доживеал вистинска драма додека се движел кон Велес. Околу 20:25 часот, на локалниот пат, пред неговиот дом, неговото возило било блокирано од паркирано „ауди“. Почувствувајќи дека нешто не е во ред, К.В. се обидел да се повлече, но тогаш автомобилот започнал да се движи по него.
Во паника, К.В. забрзал и започнал да бегал по патот кон Велес, но додека се обидувал да избега, чул неколку звуци кои наликувале на истрели од огнено оружје. Возачот на паркираното возило продолжил да го следи, а ситуацијата станала уште понапната кога К.В., додека се обидувал да избегне да биде удрен, директно удрил во полициски автомобил „шкода јети“, кој бил паркиран на улица „8 Септември“ во Велес.
Среќа во несреќа е тоа што во инцидентот нема повредени лица, но причинети се материјални штети. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и започнала интензивна истрага со цел да го расчисти случајот и да утврди кои се мотивите зад оваа мистериозна ноќна потера. Се очекува повеќе информации од полицијата во текот на денот.
Со оглед на сериозноста на настанот, полицијата со засилени мерки работи на обезбедување на доказите и расчистување на околностите на оваа невообичаена ситуација.