Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Полска уапсена Украинка осудена за продажба на 56 бубрези
Македонија

Во Полска уапсена Украинка осудена за продажба на 56 бубрези

11/03/2025

AA

Полски граничари уапсиле Украинка осудена на 12 години затвор во Казахстан за учество во криминална група која тргувала со човечки органи и продавала 56 бубрези, јавува Ројтерс.

35-годишната жена, идентификувана како Ксенија П. според полските закони за приватност, била приведена на железнички премин меѓу Полска и Украина по црвена потерница од Интерпол, изјави Марта Петковска, портпаролка на обвинителството во Пшемишл.

Обвинителите не објаснија зошто жената не била во затвор во Казахстан во моментот кога била запрена на граничниот премин, ниту кога била осудена.

Интерпол распишал потерница по уапсената

Интерпол издаде црвена потерница по неа во ноември 2020 година, соопштија обвинителите. Станува збор за меѓународно барање до полициските служби ширум светот за привремено апсење на лице кое чека екстрадиција или некоја слична законска процедура. Жената е осудена за учество во меѓународна организирана криминална група која незаконски набавувала човечки органи и ткива и ги продавала на црниот пазар од 2017 до 2019 година, објасни Петковска.

Таа, исто така, беше прогласена за виновна за нелегална трговија со бубрези на најмалку 56 жртви од Казахстан, Ерменија, Азербејџан, Украина, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан и Тајланд. Таа тргувала со органи за профит, а криминалните активности ги претворила во постојан извор на приход.

Обвинителството до судот поднесе барање за нејзин привремен притвор во траење од една недела за да се подготви постапката за екстрадиција во Казахстан.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАКАЧИЛ РЕТРОВИЗОР НА ПАРКИРАНО ВОЗИЛО, ДОБИЛ КАЗНА ОД 15 МЕСЕЦИ

16/04/2026
Македонија

Орбан падна поради предозирање со пропаганда, вели Марковиќ

16/04/2026
Македонија

Ненад Марковиќ: Политичките случувања во регионот особено во Унгарија и

16/04/2026
Македонија

Скрински за „Ноќно студио“: Бугарија е во криза без преседан,

16/04/2026
Македонија

Скрински на 4tv.mk: Македонија е периферна тема во кампањата, но

16/04/2026
Македонија

СНИМАЛ ВОЕН КОНВОЈ НА КРИВОЛАК Кривична за 21-годишен жител на

16/04/2026
Македонија

Новинарот Скрински во „Ноќно студио“: Политичарите чекаат да се мразиме,

16/04/2026
Македонија

Сертификат кој бил добиен со фалсификат беше презентиран денеска како

16/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42565
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy