
Висок ризик од пожари во земјава – опасност во западниот дел и југоистокот
Дневен преглед од Македонскиот информативен систем за шумски пожари (МКФФИС).
Според најновите анализи и мерења:
Метеоролошки индекс на пожар (FWI):
На поголем дел од територијата на државата е присутен многу висок ризик од пожари.
Висок ризик има во западниот дел на земјата и околината на Струмица, Валандово и Богданци.
Среден ризик е забележан во Осоговските Планини,
Додека на Шар Планина ризикот е низок до среден.
Состојба со сувост на вегетацијата (VDM):
Повисоките предели имаат висока сувост, што укажува на присуство на многу сува и запалива вегетација.
Во пониските делови, сувоста е средна или ниска, со помал, но сепак присутен ризик од пожари.
Објаснување:
FWI (Fire Weather Index) се пресметува врз основа на температура, влажност и ветер, користејќи податоци од автоматски метеоролошки станици (УХМР).
VDM (Vegetation Dryness Map) се добива преку сателитски мерења од NASA FIRMS.
Достапни карти во системот МКФФИС:
Горливи точки
Метеоролошки индекс на пожар
Сувост на вегетација