Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Црвен крст: 149 милиони денари веќе префрлени кај семејствата на настраданите од пожарот во „Пулс“
Македонија

Црвен крст: 149 милиони денари веќе префрлени кај семејствата на настраданите од пожарот во „Пулс“

16/07/2025

AA

Од вкупно собраните 159 милиони денари по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, дури 149 милиони денари веќе се трансферирани кај семејствата на настраданите и повредените. Преостанатите десет милиони ќе бидат префрлени во наредните денови кон лица кои не биле првично евалуирани.

Ова денеска го соопшти генералниот секретар на Црвениот крст на Северна Македонија, Саит Саити, при потпишувањето на Меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи.

„Деновиве непрекинато даваме психолошка прва помош за населението, особено за оние кои претрпеа последици од катастрофата. Наскоро ќе го промовираме и Регионалниот центар за психолошка поддршка, кој е дел од националниот центар. Со тоа ќе бидеме уште поблиску до луѓето и нивното опоравување“, изјави Саити.

Тој информираше дека процесот на донации е веќе затворен и се подготвува финална проверка и презентација на податоците. Посебно значајно, според него, е тоа што Црвениот крст има верификација од меѓународна ревизорска куќа.

„На крајот на август ќе организираме состанок на т.н. одбор за транспарентност, на кој ќе бидат поканети сите донатори. Ќе биде презентиран ревизорскиот извештај, точно ќе се прикаже колку средства се собрани и каде се распределени, со цел Црвениот крст да остане препознатлив по транспарентност и отчетност“, додаде Саити.

Црвениот крст и натаму ќе продолжи со психосоцијална поддршка и координација со институциите во справувањето со последиците од трагедијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy