
„Висевме како лилјаци“: Се објавуваат шокантни снимки од превртениот авион
Авион на Delta Air Lines од Минеаполис се урна во понеделникот и се преврте наопаку на пистата на меѓународниот аеродром во Торонто Пирсон додека се обидуваше да слета .
Сите луѓе ја преживеаа несреќата, 18 лица се повредени и се пренесени во болница. Ова е само уште една несреќа во низата на несреќи низ светот.
„Делта“ се урна во Торонто околу 14 часот и 15 минути по локално време. Меѓу повредени има и едно дете. Некои од повредените се пуштени дома.
Пит Куков, патник на летот зрече дека не знаел дена нешто драматично се случува, ссе додека не удриле на земја. Тој го опиша како „тешко слетување“.
„Удривме во земја и авионот отиде странично, а потоа висевме како лилјаци“, рече Куков, пренесува Си-Ен-Ен.