
Висар Муслиу потпишува со тим од Втората Бундеслига!
Муслиу кој од 2022 година настапува за Инглоштад, со кој играше и во третата лига, ќе го напушти овој клуб и ќе се пресели во Падерборн, информира „Спортманиа.ал“.
Според овој медиум, Муслиу веќе го потпишал договорот со Падерборн и наскоро и официјално ќе биде промовиран.
Муслиу на последниот свој меч за Македонија доби црвен картон. Тоа беше дуелот со Украина кој го загубивме со 2-3.
