Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Виктор Мизо нов претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, избрано ново раководство
Економија

Виктор Мизо нов претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, избрано ново раководство

29/05/2023

AA

Во насока на зајакнување на кадровските капацитети и унапредување на активностите за поддршка на странските инвеститори во земјава, на пленарна седница на Собранието на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија, одржана на 29.05.2023 година, избра ново раководство кое ќе води Советот во мандатен период од две години.

На седницата во присуство на над 40 компании – членки на Советот, за претседател е избран Виктор Мизо од Костал Македонија, додека Никола Љушев од Македонски Телеком и Волфганг Мајер од ЕВН Македонија се избрани за потпретседатели, генерални директори и искусни менаџери во едни од најреномираните компании во нашата земја.

Во насока на поефикасно претставување и застапување на странските инвеститори во земјава, организирани во Советот на странски инвеститори, согласно Правилата за работа и организација на Советот, избран е и нов состав на Управниот одбор, кој брои 12 члена, со што се обезбедува покриеност на компании со странски капитал од повеќе различни сектори. 

Како и досега и во наредниот период, приоритет на новото раководство ќе биде Советот да земе активно учество во процесите за создавање подобро деловно опкружување и подобрување на условите за водење бизнис во земјата преку предлагање мерки и препораки за креирање на најдобри можни решенија кои ќе донесат одржлив и побрз економски развој, но и за поголема атрактивност на земјава за задржување на постојните и привлекување нови инвеститори.

Динамичната промена на економските околности и на условите на стопанисување, непосредно влијаат и на динамиката на активностите на Советот на странски инвеститори. Во таа насока, перманентното и континуираното следење и анализирање на економските состојби во земјата, врз основа на што ќе се преземаат и предлагаат  и мерки за подобрување на инвестициската и деловната клима во земјата  и натаму ќе претставува една од приоритетните активности на новото раководство на Советот на странски инвеститори во наредниот период, како дел од неговите стратешки определби за функционално делување.

Во текот на седницата, извршниот директор на Советот на странски инвеститори на Србија, Александар Љубиќ, одржа презентација со која ги запозна присутните со различниот опсег на услуги што ги нудат на своите членови, при што го елаборираше нивното искуство како овие услуги ја олеснуваат соработката со државните институции, воспоставениот метод на комуникација со Владата, ефективноста на усвојувањето на препораките од Белата книга, нивниот пристап за создавање позитивно влијание во општеството и препознатливост како релевантен партнер во подобрувањето на деловната клима во земјата.

Во име на Комората и Советот на странски инвеститори, се изрази благодарност и признание за неизмерниот придонес и остварените резултати во работењето на досегашниот претседател на Советот, г.  Штефан Петер, со искрени желби за остварување нови професионални успеси во неговите идни работни ангажмани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45804
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН НА РЕЗУЛТАТИ Препораки од Мешовитиот

25/09/2026

Европската Унија ја потврдува поддршката за патот на Северна Македонија кон полноправно членство, но истовремено бара видлив напредок во владеењето

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ ДВАЈЦА Полицијата во Свети Николе

25/09/2026

Расправија за паркинг во Свети Николе завршила со автомобил насочен кон двајца мажи и метална порта урната врз нив. Полицијата

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата го бара возачот, незгодата не

25/09/2026

Празен автобус околу 13:30 часот излетал од патот во близина на тетовското село Стенче, но кога полицијата дознала за незгодата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy