Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Викендот непочнат, а се тепале жени, браќа, а и возач на автобус натепал патник
Магазин

Викендот непочнат, а се тепале жени, браќа, а и возач на автобус натепал патник

28/10/2023

AA

Полицискиот билтен за петокот, стандардно, бележи бројни тепачки, при што физички се пресметувале жени, браќа, возачи на автобуси со патници, учесници во сообраќајка…

Така, во петокот во 20.50 часот во Полициска станица Гази Баба Л.П.(67) од Скопје пријавила дека околу 16.00 часот на подрачје на Гази Баба била физички нападната од женско лице А.Т., која ја познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Се степале и две жени во Аеродром. Во 21.53 часот во Полициска станица Аеродром Л.Ј.(18) од Скопје пријавила дека околу 21.20 часот во близина на угостителски објект на подрачје на Аеродром била физички нападната од женско лице М.С.

Тепана била и жена во Кавадарци, каде С.С.(43)  пријавила дека околу 17 часот пред маркет во Кавадарци била физички нападната од Б.Н. од Кавадарци. 

Во 15.45 часот во Полициско одделение Мирковци Т.Д.(51) од Скопје пријавил дека околу 15.30 часот на подрачје на Мирковци, скопско по претходно случена сообраќајна незгода бил физички нападнат од Љ.Б. од с.Кучевиште, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 22.45 часот во Полициско одделение Сарај Р.Б.(22) од с. Кобаница, скопско пријавил дека околу 22.00 часот на подрачје на Центар во автобус кој се движел од Транспортен центар кон с. Бојане, скопско, бил физички нападнат од возачот Џ.Х.(31). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Околу 20.00 часот во Полициско одделение Шуто Оризари е пријавено дека во казино на подрачје на Шуто Оризари по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.С.(58) и Ј.З.(27) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 13.47 часот во СВР Куманово 49-годишен маж од Куманово пријавил дека во Куманово бил физички нападнат од неговиот 47-годишен брат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.10.2023 во 03.00 часот во Полициска станица Крива Паланка е пријавено дека околу 00.20 часот во Крива Паланка по претходно недоразбирање малолетник од Крива Паланка бил физички нападнат од Б.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утрово во 3.05 часот во СВР Струмица А.М.(20) од Струмица пријавил дека околу 01,40 часот пред угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од К.В. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во петокот, во 16.30 часот во Кавадарци од полициски службеници е лишена од слобода В.С.(46) од Кавадарци затоа што физички нападнала полициска службеничка која вршела службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 14 часот во ОВР Кавадарци Д.А.(42) од Кавадарци пријавил дека околу 12.45 часот во неговиот двор во Кавадарци по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Ѓ.К. од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

На 27.10.2023 во 19,15 часот во ОВР Кавадарци З.Л.(40) од с.Сирково, кавадаречко пријавила дека околу 16.45 часот во двор од семејната куќа во с.Сирково била физички нападната од П.В., нејзин роднина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.10.2023 во 01.10 часот во ОВР Кавадарци К.Г.(40) од Кавадарци пријавила дека околу 00.20 часот пред угостителски објект во Кавадарци нејзиниот син бил физички нападнат од Д.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy