Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „УКРАИНА МЕЃУ НАЈКОРУПТИРАНИТЕ ЗЕМЈИ“: Словачкиот премиер побара гаранции дека помошта од ЕУ нема да биде проневерена
Македонија

„УКРАИНА МЕЃУ НАЈКОРУПТИРАНИТЕ ЗЕМЈИ“: Словачкиот премиер побара гаранции дека помошта од ЕУ нема да биде проневерена

28/10/2023

AA

НОВИОТ Словачки премиер Роберт Фицо побара денеска, за време на дебатата со другите лидери на ЕУ за давање помош на Украина во износ од 50 милијарди евра, гаранции од Унијата дека овие средства нема да бидат проневерени, соопштија од кабинетот на Фицо.

– Украина е меѓу најкорумпираните земји во светот и затоа големата финансиска поддршка треба да биде условена со гаранции дека европските пари (вклучувајќи ги и словачките) нема да бидат проневерени – нагласи Фицо.

Фицо рече дека дел од тие средства треба да бидат наменети за реконструкција на инфраструктурата на Словачка долж нејзината источна граница со Украина, објави Ројтерс.

Денеска лидерите на ЕУ го продолжија самитот на кој разговараа за ситуацијата во Украина.

На првиот ден од самитот, лидерите усвоија декларација во која повикаа на „паузи“ во воените операции на Израел и Хамас и побараа отворање на хуманитарни коридори за да може итно потребната помош да се достави до Појасот Газа.

Како што претходно беше најавено, на самитот треба да се разговара и за ситуацијата во Украина, Сахел, како и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од 1 јули пониски царини за 70 суровини – Собранието

29/06/2026
Македонија

Собранието ги усвои измените на Законот за трансплантација – се

29/06/2026
Македонија

ВИДЕО Голем пожар кај Визбегово, густ црн чад се издига

29/06/2026
Македонија

Вработените во секторот за игри на среќа најавуваат протести и

29/06/2026
Македонија

Растат производствените цени во индустријата – економистите предупредуваат на можни

29/06/2026
Македонија

Земјоделците алармираат: Нискиот род и откупните цени ја загрозуваат жетвата

29/06/2026
Македонија

Собранието го усвои новиот Закон за игри на среќа: Нови

29/06/2026
Македонија

Приведени 10 лица во едно деноноќие – кај нив била

29/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy