
ВИДЕО Жестока тепачка изби во авион на Рајанер, пилотот се налути и го пренасочи летот: Сите се уапсени!
Во авион на Рајанер кој летал кон Канарските острови дошло до тепачка за што авионот морал да слета во Португалија, а насилниците кои им пречеле на останатите патници биле приведени од полицијата, пишува Дејли мејл.
Мажот, за кој се верува дека е Британец, бил однесен од десетина португалски полицајци додека другите патници гледале во шок.
Еден од патниците кој ги снимил шокантните сцени го опишал настанот.
„Имаше група мажи кои се чинеше дека пиеле и малтретирале некои патнички. Кога работите почнаа да излегуваат од контрола, еден од стјуардите се обиде да интервенира и на крајот беше соборен на подот. Тогаш капетанот ги предупредил дека таквото однесување нема да се толерира и доколку не престанат, тој ќе го пренасочи авионот кон Португалија“, изјавил патникот, пренесува Дејли Меил.
Но хаосот не престанал, па патниците биле известени дека ќе слетаат за 20 минути.
„Човекот кој се тепаше прво доброволно излегол, но поради некоја причина се вратил во авионот, а потоа полицијата насилно го отстранила и го однела во затвор. Полицијата ја приведе целата група. Беше прилично шокантно да се види. Сите сме малку потресени“.
На видеото снимено во авионот може да се видат патниците како зачудено гледаат и снимаат додека полицијата го влече човекот кон излезот.
Со оглед на тоа дека им пружал отпор, полицајците морале да употребат присилни средства и буквално да го извлечат од авионот.
Додека насилникот бил изведен надвор, патниците воодушевено аплаудирале.
