
ВИДЕО: Жан Митрев дочекан со овации и аплауз од поранешни пациенти
Денеска пред почетокот на рочиштето Жан Митрев беше дочекан со аплауз и овации од поранешни пациенти. Прегратки од пациенти и коментари: најдобар доктор, издржи, не се предавај.
Во моментов се одвива рочиштето за кое одбраната претходно се жалеше дека и се дава премалку време за да може да ги разгледа доказите. Според нив станува збор за 10.000 страници кои треба да ги разгледаат за 10 дена, а право на нивно разгледување имаат само по четири часа во денот.
Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застпаник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.
Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик.
