Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стратешките инвеститори на Владата се уште чекаат „приклучоци“ за работа
Економија

Стратешките инвеститори на Владата се уште чекаат „приклучоци“ за работа

12/05/2023

AA

Вкупна моќност од 1.300 мегавати треба да има капацитетот на инвестициите од компаниите кои Владата во текот на изминатите години ги прогласи за стратешки инвеститори.

За нивниот актуелен статус може единствено да се прочита во извештајот на операторот на електропреносниот систем МЕПСО за работата во 2022, каде што има детали до каде е реализацијата на нивното приклучување во електропреносната мрежа.

Најголемата инвестиција е онаа на германската WPD  (414 МВ) која треба да изгради 69 ветерници од 500 милиони евра на потегот Куманово – Крива Паланка. Од МЕПСО во објавениот извештај велат дека сеуште не е доставено барањето за приклучок бидејќи на преглед во Владата е доставена документација за корекции на договорот со стратешкиот инвеститор.

Вториот ветерен парк во прилепско го гради Енимак (47,2), компанија од Анкара. За ветерниот парк кој е лоциран во Дреновци и Небрегово во близина на градот Прилеп, МЕПСО вели дека се побарани дополнителни податоци за нивното барање за приклучување.

Од фотоцентралите, најголема стратешка инвестиција е ФЕЦ Стипион на Остро Солар (400 МВ). За „Соларен парк Стипион“ беше најавено дека инвестицијата се очекува да биде 270 милиони евра, со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати. Во моментов, според МЕПСО, испратени се забелешки до инвеститорот и за самиот договор до Владата.

За инвестицијата на ЕФТ Солар (80 МВ), инаку компанија која е долгогодишен трговец со електрична енергија во Македонија,  во Овче Поле под името ФЕЦ Ерџелија се вели дека има одобрена конечна студија и решение со согласност за приклучување во преносната мрежа.

Соларната електрана со јачина од 85 мегавати и вредна 63 милиони евра на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ринуабл Пауер Интернационал“ ДООЕЛ Скопје ќе се гради во атарот на Долни Балван во општина Карбинци. Засега таму статусот останува само на изработка на анализа за приклучување.

За фотонапонскиот парк Пехчево од 70 мегавати на ХЕК Солар, кој треба да чини 53 милиони евра, како што вели МЕПСО, се разгледувале варијанти за приклучување. Се споменува уште и фотоцентралата Балдовенци на Балкан Реневабле Инвестментс од 138 мегавати, за која се верува дека е проект на турски инвеститори. Во извештајот пишува дека се бараат дополнителни технички податоци и имотни листови.

За останатите стратешки инвеститори нема описни детали до каде е нивниот прогрес, а последната информација е дека Владата на седница на 2 мај одобрила барање за проект на уште еден стратешки инвеститор – “Аим греен ТЕЦХ”. Овој нов инвеститор во низата на прогласени за стратешки своето барање го поднел во јануари.

За стратешки инвестициони проекти се сметаат инвестиции во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на најмалку две или повеќе општини, инвестиции од најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во градот Скопје и градот Скопје и инвестициони проекти од најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО

26/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Се

26/09/2026
Македонија

ЛЕВИЦА ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ТРИБИНА НА ПЛАТФОРМАТА 12.05 Мециновиќ ќе

26/09/2026
Македонија

МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ ТАЕН И ЗАСТРАШУВАЧКИ ЕФИКАСЕН „КОНТРАЦЕПТИВ“ Традиционалниот метод „прекини

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45819
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ЕУ Европратеникот

26/09/2026

Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ Нели негаторот на Гоце Делчев

26/09/2026

Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет сѐ уште е член на Централниот одбор на СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „На

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара притвор за да не влијае

26/09/2026

Обвинителство поведе истражна постапка против инспекторката за храна за која постои основано сомнение дека примила поткуп. Осомничената 42-годишна вработена во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy