
ВИДЕО Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја стресе Турција!
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Епицентарот на земјотресот бил во Мраморното Море, на длабочина од шест километри, на 26 километри јужно од општината Силиври во провинцијата Истанбул.
Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време.
Според очевидци, земјотресот бил силно почувствуван во Истанбул.
Земјотресот е почувствуван и во Бугарија, Грција и Романија.
Засега нема информации за евентуални штети или жртви.
Турција често е цел на земјотреси, а на 6 февруари 2023 година јужниот дел на земјата беше погоден од вториот најсилен во историјата на земјата, со јачина од 7,8 степени.