Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Зеленски: Владимир Путин наскоро ќе умре
Македонија

ВИДЕО Зеленски: Владимир Путин наскоро ќе умре

27/03/2025

AA

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „наскоро ќе умре“ поради гласините дека рускиот лидер се соочува со сериозни здравствени проблеми. Зеленски ја даде оваа проценка за здравствената состојба на Путин за време на интервју со новинари во Париз, по вчерашната средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

„Клучно е САД да не го извлечат рускиот претседател Владимир Путин од политичката и економската изолација,“ изјави Зеленски во интервју пренесен од Kyiv Independent.

Неговите коментари следеа еден ден откако Русија и Украина се согласија на спроведување на делумно примирје, со посредство на САД, кое се однесува на нападите врз енергетската инфраструктура и непријателствата во Црното Море. За возврат, САД се согласија да го прошират рускиот пристап до глобалните пазари.

„Сметам дека ова е опасно. Ова е еден од најопасните моменти“, порача Зеленски.

„Путин се надева дека ќе остане на власт до својата смрт“, рече Зеленски, додавајќи дека неговите амбиции не се ограничени само на Украина, туку би можеле да доведат до директна конфронтација со Западот. Тој ги повика САД и Европа да останат обединети во притисокот врз Путин. Рускиот лидер се плаши од евро-американскиот сојуз и се надева дека ќе успее да го подели, рече Зеленски.

Потоа додаде: „Путин, исто така, се плаши од својата смртност. Тој наскоро ќе умре, тоа е факт и сè ќе биде завршено.“

И покрај неговите обиди да проектира слика на хипермашкулни лидер, веќе подолго време постојат гласини дека Путин има здравствени проблеми. Последниве години се забележува дека 72-годишникот има подуено лице, грчеви во ногата и крвави очи, што дополнително ги поттикнува шпекулациите за неговото здравје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почна уписот во средните училишта за 2026/2027 – најмногу места

12/06/2026
Македонија

Жестока реакција: Јавнообвинителската служба алармира дека новиот закон е пропуштена

12/06/2026
Македонија

Собранието го помина во прво читање законот за заштита од

12/06/2026
Македонија

Владата предлага нов Закон за оружјето: ограничување на бројот на

12/06/2026
Македонија

Перински: Со автоматизирана база општините нема да губат по 100

12/06/2026
Македонија

Приведени четири лица од Турција во Скопје поради нерегулиран престој

12/06/2026
Македонија

Доктор Чибишев за пронајдениот отров Ланате во парк во Скопје:

12/06/2026
Македонија

ПЕРИНСКИ ЗА 4ТВ: Општините губат до 100 милиони евра годишно

11/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43726
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy