
ВИДЕО: Возачот на Маричиќ направи серија сообраќајни прекршоци само за вицепремиерот да се симне поблиску до ГТЦ – тој вели да не се манипулира, се било безбедно!
Возачот на вицепремиерот Бојан Маричиќ направи тешки прекршоци само за вицепремиерот да се симне поблиску до влезот на Гратскиот Трговски Центар.
Имено, тој пред ГТЦ за малку паркирал во спротивна лента, поминал на две полни линии каде што за малку ќе предизвикал сообраќајка.
Исто така, не ги почитувал пешаците на пешачки премин, а направил тешки сообраќајни прекршоци.
Новинарот Фуркан Салиу објави видео од инцидентот и го праша Маричиќ за настанот кој му порача да не манипулира.
Според вицепремиерот, ничиј живот не бил ризикуван, сите биле безбедни.
Возачот на #Маричиќ паркира во спротивна лента, поминува на две полни линии каде што за малку ќе предизвикаше сообраќајка, не ги почитува пешаците на пешачки премин, направи тешки сообраќајни прекршоци само за да вицепремиерот се симне што поблиску до влезот на ГТЦ. pic.twitter.com/N7qNmCmmYY
— FurKlan (@FurkanSaliu) April 10, 2023
