
(ВИДЕО) ВЕЛИ ДЕКА БЕРБЕРОТ ИМА МУСТАЌИ КАКО ТЕЛОХРАНИТЕЛИТЕ НА ЕРДОГАН: Вучиќ објави видео како се потстрижува
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ објави видео на својот профил на „ТикТок“ во кое истакна дека пред вечерашното гостување на ТВ Инсајдер се потстрижал кај својот бербер.
„Пред состанокот, ја искористив можноста да се потстрижам. Мојат бербер Миша дојде да ме среди малку. Мајка ми ми вели дека целосно сум побелел. За да не губам време, секогаш се потстрижувам овде. Миша е уникатен случај, врвен професионалец, препознатлив по мустаќите што ги носат телохранителите на Ердоган. Се средувам пред вечерашниот Инсајдер, бидејќи половина град зборува дека ќе ме уништи, растури, па барем да бидам уреден, пристоен и дотеран. Што се однесува до растурањето, како што би рекле на југ, ќе се бориме до победата“, порача Вучиќ.
Тој претходно објавуваше видеа како прави палачинки, сендвичи и слично.
Видеото можете да го видите тука.

