Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАМАЛЕНИ СЕ ШАНСИТЕ ЗА НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ: На Санторини се регистрирани 21.500 потреси
Регион

НАМАЛЕНИ СЕ ШАНСИТЕ ЗА НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ: На Санторини се регистрирани 21.500 потреси

20/02/2025

AA

Сеизмолозите регистрирале околу 21.500 потреси во близина на грчкиот остров Санторини во последните три недели, објави Универзитетот во Атина.

Санторини аде што беше воведена вонредна состојба претходно овој месец е во голема неизвесност откако почна серијата земјотреси. Интензитетот на потресите е значително намален во изминатите неколку дена, па научниците се надеваат на постепено намалување на сеизмичката активност.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за „Блумберг“ денеска се осврна и на ситуацијата на островот, објасни дека во последните денови има намалување на сеизмичката активноста, „што е охрабрувачки“.

„Секако, секогаш ги слушаме научниците и треба да бидеме подготвени за сите евентуални можности. Сепак, Грција е безбедна земја и ова е порака што сакам да ја испратам. Никој не може да ја предвиди иднината, но ние сме воздржани оптимисти за она што се случува на Санторини. И ако работите се одвиваат како што треба, се надеваме на тоа, релативно брзо ќе се вратиме во нормална состојба“, изјави Мицотакис. 

Сепак, сеизмолозите не можат да ја исклучат можноста за голем земјотрес со јачина од шест или повеќе степени според Рихтеровата скала, јави агенцијата ДПА.

Постои веројатност до 300 објекти на работ на кратерот Санторини да се урнат во случај на силен земјотрес.

Кратерот Санторини е формиран од вулканска ерупција пред околу 3.600 години, а на неговите стрмни рабови сега се наоѓаат куќи и хотели.

foto EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е стабилно, но

03/09/2026
Македонија

Петровска бара надзорна расправа за дата-центрите: „Граѓаните имаат право да

03/09/2026
Македонија

Влезот на концертот на Дејвид Гета само со нараквица: Влезниците

03/09/2026
Македонија

Две лица од Кина пронајдени починати во стан во Скопје

03/09/2026
Македонија

Мицкоски не стравува од истрагата за Унгарскиот кредит: Средствата се

03/09/2026
Македонија

Нова механизација за Комунална хигиена: Скопје доби возила за поефикасно

03/09/2026
Македонија

МВР со засилени контроли: 189 прекршоци направиле пешаци

03/09/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Метеоаларм за цела Македонија

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45426
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е стабилно, но сè уште животозагрозено

03/09/2026

Здравствената состојба на 13-годишното дете кое неодамна беше примено со убод во пределот на срцето и натаму е сериозна. Министерот

Петровска бара надзорна расправа за дата-центрите: „Граѓаните имаат право да знаат што се преговара“

03/09/2026

Опозицијата бара поголема транспарентност околу најавените дата-центри во земјава, откако премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Владата преговара со потенцијални инвеститори.

Влезот на концертот на Дејвид Гета само со нараквица: Влезниците треба да се заменат од

03/09/2026

Посетителите кои обезбедиле влезница за големиот концерт на Дејвид Гета во Скопје ќе мора навреме да ја заменат со специјална

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy