
ВИДЕО Таксистот чив автомобил беше подигнат од пајак-службата: „Пајакот не ги крева дивите, туку нас!“
Фатмир Џелили за Телма раскажа детали за вчерашниот инцидент на паркингот кај Железничката и автобуската станица, кога неговото такси возило беше подигнато од пајак-службата додека тој беше качен на возилото.
Вели дека вработен од Градски паркинг го бркал иако местата за таксистите се зафатени од диви таканаречени цивилни возила.
Џелили очекувал помош од полицијата, но тие му асистирале на пајакот, го уапсиле, а тој морал да плати и три илјади денари казни.
Видеото како Џелили стои качен на автомобилот додека пајакот го крева неговото возило предизвика големи реакции.