Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Муцунски: Денот на македонската дипломатија нè потсетува на важноста на дипломатската мисија како мост меѓу народите, чувар на мирот и промотор на соработката
Македонија

Муцунски: Денот на македонската дипломатија нè потсетува на важноста на дипломатската мисија како мост меѓу народите, чувар на мирот и промотор на соработката

29/04/2025

AA

По повод 29 април – Денот на македонската дипломатија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, упати честитка преку социјалните мрежи.

Во објавата, министерот потсети дека македонската дипломатија своите почетоци ги има во Бирото за односи со странство, формирано во 1969 година, како прв институционален облик за водење на надворешната политика.

„Овој ден е посветен на дипломатите и сите вработени во Министерството за надворешни работи, чиишто посветеност, професионализам и дипломатска умешност се клучни за градење на меѓународниот углед на нашата земја, за унапредување на билатералните и мултилатералните односи и за одржување на врските со македонската дијаспора“, напиша министерот Муцунски.

Тој додаде дека Денот на македонската дипломатија нè потсетува на важноста на дипломатската мисија како мост меѓу народите, чувар на мирот и промотор на соработката, упатувајќи честитка до сите актуелни и поранешни дипломати и вработени во Министерството за нивниот придонес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Излезете на гласање“: Како Македонија ги повикувала граѓаните на референдум

08/09/2026
Македонија

МВР со засилени контроли: 11 возачи приведени во едно деноноќие

08/09/2026
Македонија

Тетовка пријавила дека била уценувана со приватни фотографии и видеа

08/09/2026
Македонија

Темелко: Општина Пустец останува македонска општина со новата територијална поделба

08/09/2026
Македонија

Мицкоски за 8 Септември: Сакам да ја внесеме земјата во

08/09/2026
Македонија

„Манекен пис“ во Брисел за првпат облечен во македонска народна

08/09/2026
Македонија

Грчев за 35 години независност: „Знамето го создававме во време

08/09/2026
Македонија

Американскиот државен секретар Марко Рубио го честиташе 8 Септември: САД

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45555
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Излезете на гласање“: Како Македонија ги повикувала граѓаните на референдум

08/09/2026

Во деновите пред 8 септември 1991 година, низ весниците се ширеле повици до граѓаните масовно да излезат на референдум. Во

МВР со засилени контроли: 11 возачи приведени во едно деноноќие

08/09/2026

Единаесет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради сомнение за безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството

Тетовка пријавила дека била уценувана со приватни фотографии и видеа

08/09/2026

Полицијата во Тетово приведе 48-годишен жител на Долно Седларце, кој е осомничен дека во повеќе наврати барал пари за да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy