
ВИДЕО Столтенберг три минути го чекаше Ковачевски да излезе од Влада – премиерот брзаше!
Скандал се случи за време на официјалниот пречек на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред зградата на Владата.
Откако пристигна автомобилот во кој се превезуваше шефот на Алијансата, тој не излезе веднаш, бидејќи премиерот Димитар Ковачевски не беше пристигнат на местото за пречек.
Ова се забележува и на официјалното видео дистрибуирано од страна на Владата.