Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СРПСКИОТ ДИПЛОМАТ ИЗБРКАН ОД ХРВАТСКА – Грлиќ Радман: Советникот во Амбасадата на Србија прогласен за персона нон грата
Регион

СРПСКИОТ ДИПЛОМАТ ИЗБРКАН ОД ХРВАТСКА – Грлиќ Радман: Советникот во Амбасадата на Србија прогласен за персона нон грата

21/11/2023

AA

Министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ денеска изјави дека Хрватска презела реципрочна мерка прогласувајќи го советникот на српската амбасада во Хрватска за персона нон грата.

Тој зборуваше за протерувањето на хрватскиот дипломат, прв секретар во Амбасадата на Република Хрватска, Хрвој Шнајдер.

– Прогнозиравме ескалација, но не и таков радикален потег, тоа не е вообичаено – изјави Грлиќ Радман за српското протерување на хрватскиот дипломат, првиот секретар на хрватската амбасада во Србија, Хрвој Шнајдер.

– Одлучивме советникот на српската амбасада во Хрватска да биде прогласен за персона нон грата на Хрватска. Нотата е доставена до амбасадорот и во неа стои дека советникот мора да ја напушти територијата на Хрватска – рече тој.

Тој рече и дека ги отфрлаат основите поради кои хрватскиот дипломат бил протеран од Србија.

– На хрватскиот амбасадор не му беше дадена причина, беше речено дека не треба да се дава причина. Не ги знаеме причините за одлуката, што е дотолку позагрижувачко – рече тој.

Grlić Radman: Djelujemo recipročno, diplomat Srbije persona non gratahttps://t.co/rJAMnzqY9D

— HRT vijesti (@hrtvijesti) November 21, 2023

На прашањето за пишувањата на српските таблоиди дека хрватскиот дипломат бил протеран под обвинение за шпионажа, тој рече: „Не беше протеран од медиумите, туку од Министерството за надворешни работи на Србија. Тие не ги кажаа причините, тие се нашите партнери за комуникација, тоа е релевантно за нас. И други шпекулации, како кому му одговара“.

– Не го очекувавме ова, очекувавме рака од Србија. Србија така постапи, ние само реципрочно одговоривме – рече тој.

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемениот ризик од пожари

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360 евра

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност. Во вториот квартал од 2026 година е забележан раст и на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy