
(ВИДЕО) Србин раскажа дека косовската полиција ги нападнала прво жените, а потоа него го тепала
Александар Арсенијевиќ од Граѓанската иницијатива „Српски опстанок“ изјави дека косовската полиција прво ги нападнала жените, а потоа него и дека директно му испрскале солзавец во очите.
Во болницата во Косовска Митровица за РТС е потврдено дека во конфликтот меѓу специјалните сили на косовската полиција и насобраните граѓани се повредени десетина лица, јавува Н1.
— Aleksandar Arsenijević (@Aco_Sfens) May 26, 2023
Специјалци на „РОСУ“ се присутни околу општинските згради во северно Косово. Градоначалниците од албанска националност денеска требаше да стапат на должност.
Пред сите општински згради има возила на ЕУЛЕКС, а на места е видлив и КФОР, пишува Н1. Во Звечан дошло до пресметка со полицијата. На социјалните мрежи е објавено видео од демолирано возило на косовската полиција во Звечан.
КоССев јавува дека во Зубин Поток специјалните единици влегле во зградата на Привремената управа на оваа општина. Косовските медиуми со фотографија објавија дека градоначалникот Измир Зеќири во придружба на специјални полициски сили влегол во зградата на Привремената управа. Граѓани направиле блокада во Лепосавиќ.
фото принтскрин
