Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАШИНЦИТЕ НАВАЛИЈА КОН ХРВАТСКА, се бараат карти и кон европските гастербајтерски дестинации
Економија

НАШИНЦИТЕ НАВАЛИЈА КОН ХРВАТСКА, се бараат карти и кон европските гастербајтерски дестинации

26/05/2023

AA

Почетокот на туристичката сезона во Хрватска примамува се повеќе Македонци, кои изминатиов период најмногу патувале кон некои од туристичките дестинации во оваа земја. Но, традиционално нашинците најчесто патуваат во некои од земјите во Европа каде има најмногу гастебајтери како што се Германија, Австрија и Швајцарија.

Податоците покажуваат дека во првите три месеци од годинава има зголемување на бројот на патници кои користеле патнички превоз, односно патувале со автобуси, но има намалување на превозот на стоки.

– Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2023 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 899 илјади, во градско-приградскиот превоз 12.097 илјади, во железничкиот превоз 102 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 493.096. Во првото тримесечје од 2023 година, во споредба со првото тримесечје од 2022 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 14,4 отсто, во железничкиот превоз е намалено за 40,8 проценти, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 8,1 отсто – стои во извештајот на Државниот завод за статистика.

Се забележува дека има зголемување на бројот на патници како во меѓуградскиот превоз, така и во националниот и меѓународниот превоз. Исто така бројот на патници се зголемува кај сите типови на превоз, поточно кај патничкиот, железничкиот и авионскиот.

Упатените за Фактор потенцираат дека со оглед на случувањата во пандемијата сосема очекувано е да има раст на бројот на превезени патници, но појаснуваат дека се уште не се вратени на патеките од пред пандемијата.

– По катаклизмата која се случи поради пандемијата сега е сосема очекувано да растат бројките на превезени патници. Сепак, за репер ако ја земеме 2019 година кога нормално се патување, ниту кај нас, ниту во светот не се повратени бројките. Имаме пад на бројот на патници и на светско ниво и кај нас, но има подобрување во споредба со минатата година – објаснува Масер Омерагиќ, сопственик на компанијата „Руле турс“.

Омерагиќ за Фактор вели дека генерално се очекува да се зголеми бројот на патници во текот на јуни и јули, но додава дека воопшто не е лесно да се прават прогнози, и да се даваат оценки за повраток на патниците бидејќи многу фактори влијаат меѓу кои и времето кое воопшто не е предвидливо периодов.

– Очекуваме раст на патниците, но како ќе биде е тешко да се гарантира. Овој период забележуваме дека им повеќе нашинци кои патуваат кон Хрватска, има голем број наши сограѓани кои веќе заминуваат за Хрватска каде најверојатно ќе бараат работа во туристичкиот сектор. Исто така вообичаено се купуваат карти и се патува кон три европски земји каде имаме наши иселеници, тоа се Германија, Австрија и Швајцарија – потенцира Омерагиќ.  

Петранка Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО

26/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Се

26/09/2026
Македонија

ЛЕВИЦА ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ТРИБИНА НА ПЛАТФОРМАТА 12.05 Мециновиќ ќе

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45820
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА Претходно објавил видео на социјалните

26/09/2026

Тетовец осомничен за силување дете сам се пријавил во полиција синоќа откако претходно објавил видео на социјалните мрежи, соопшти полицијата.

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ЕУ Европратеникот

26/09/2026

Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ Нели негаторот на Гоце Делчев

26/09/2026

Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет сѐ уште е член на Централниот одбор на СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „На

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy