
ВИДЕО Спасовски: Сега мора да го направам најпаметниот потег
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се збогуваше со своите соработници во МВР. Тој сите ги собра во Клубот на пратеници каде им се заблагодари за досегашната соработка.
Додели и награди за дел од вработените, а и тие него не го оставија без поклон.
Министерот во оставка доби шаховска табла, при што тој изјави: Сега мора да го направам вистинскиот потег.
Спасовски е меѓу кандидатите за претседател на Македонија кои последниот период се споменуваат во јавност.
