
ВИДЕО Снимен моментот како паѓа авионот со 242 патници, леташе од Индија до Лондон
Индискиот патнички авион Air India AI171, модел Boeing 787-8 Dreamliner, се урна утрово во близина на аеродромот во Ахмедабад, при обид за полетување.
Првичните информации укажуваат дека на летот имало околу 242 патници.
На социјалните мрежи се појави и видео во кое е снимен моментот како паѓа авионот.
Наводно, авионот се урнал во станбена зона.
Веб-страницата за следење на летови, Flight Radar се огласи каде вели дека последниот сигнал е од секунди по полетувањето.
„Ги следиме извештаите за пад на летот #AI171 на Air India, надвор од Ахмедабад до Лондон. Го добивме последниот сигнал од авионот во 08:08:51 UTC, само неколку секунди по полетувањето.“