
ВИДЕО Скопје ќе добие нов Луна парк – старите бесправни објекти во Градскиот парк се отстрануваат
Град Скопје започна со расчистување на просторот во Градскиот парк каде што ќе се гради нов Луна парк, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Со отстранувањето на старите бесправно изградени дискотеки се создава простор за современ и безбеден забавен центар за граѓаните.
„Како што ветив – најдоброто за Скопје!“, напиша Ѓорѓиевски на својата фејсбук страница, истакнувајќи дека акцијата е дел од проектите за уредување и подобрување на јавните простори во главниот град.
Проектот за Луна парк е дел од планот на градот за модернизација на рекреативните површини и обезбедување безбедна и пријатна средина за сите посетители на Градскиот парк.

