
ВИДЕО Сиднеј ја пречека Новата година со импресивен огномет и голема публика
Новата година во Сиднеј беше пречекана со спектакуларен традиционален огномет, на кој присуствуваа околу милион луѓе. Огнометот го осветли небото над пристаништето, создавајќи неверојатна атмосфера и незаборавен старт на 2025 година. Сиднејските улици и брегови беа преполни со посетители кои се собраа за да го прослават најголемиот настан на годината.

