Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Серија претреси, пронајдено оружје, приведени шест лица
Македонија

ВИДЕО Серија претреси, пронајдено оружје, приведени шест лица

17/11/2023

AA

Во текот на вчерашниот ден (16.11.2023) во посебни акции, полициски службеници извршија претреси во Виница, Македонски Брод, Дебрца, гостиварско и гевгелиско, при што се приведени шест лица и пронајдени се пиштол, три ловечки пушки, четири воздушни пушки, муниција и други предмети. Во еден од претресите, во Виница пронајден е пиштол, а во друг претрес во с.Калиште, општина Врапчиште, пронајдени се две ловечки пушки и муниција. Министерството за внатрешни работи и во наредниот период продолжува со интензивните акции за сузбивање на нелегалното поседување на оружје.

Во продолжение сите случаи подетално:
На 16.10.2023 околу 16.00 часот во с.Калиште, општина Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.С.(47) од с.Калиште. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Сухл“ калибар 12мм со 23 патрони калибар 12 мм и ловечка пушка-пумпарица без потребните документи. Ф.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.11.2023, полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Прилеп при СВР Битола ги лишиле од слобода М.Т.(35), М.М.(45), двајцата од с.Брезница, општина Македонски Брод и Б.С.(44) од с.Сарандиново, општина Долнени. При претрес во куќа во с.Тажево, општина Македонски Брод, која ја користи Б.С.(44), извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе куршуми и патрони со различен калибар, ловечки ножеви, како и различна опрема за оружје. Инаку, во куќата биле затекнати М.Т. и М.М., кои изјавиле дека биле пратени од Б.С. да ги отстранат од куќата и да ги однесат на друго место. Додека, при претрес во куќа во с.Сарандиново, сопственост, на Б.С., биле пронајдени и одземени фалсификувана службена легитимација и други предмети поврзани со кривичното дело. По документирање на настанот против лицата ќе следува соодветна пријава.

На 16.11.2023 во 14.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода Б.К.(41) од селото Ботун, општина Дебрца. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка „Црвена застава“ и 15 куршуми различен калибар, кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 16.11.2023 година, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишија од слобода Г.Д. (37) од село Мрзенци, гевгелиско. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири воздушни пушки, 184 куршуми со различен калибар, два патрони за ловечка пушка и една чаура. Запознаен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.11.2023 во периодот од 12.30 до 14.30 часот, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Виница извршиле претрес во домот и други простории на Џ.Р.(60) во Виница и во с.Градец, виничко. При претресот, извршен во присуство на неговата сопруга и неговиот брат, бил пронајден и одземен пиштол „Валтер“ калибар 4.5 мм. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy