
(ВИДЕО) СЕ ТРЕСЕА ГРЦИЈА И ТУРЦИЈА: Луѓето бегаа надвор стравувајќи за својот живот
Едно девојче загина во земјотресот од 6.2 стеоени кој денеска ги погоди Грција и Турција.
Земјотресот се случил 85 километри југоисточно од Ираклион. Жителите велат дека потресот бил многу силен. Тие забележале дека пред ударот се слушнал чуден звук, а потоа сè почнало да се ниша. Според извештаите, земјотресот траел повеќе од 10 секунди.
На видеата кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како луѓето бегаат од рестораните додека предметите наоколу се тресат.
Грција и Турција се земји каде често има земјотреси.