Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Божиновска: Соларни покриви, стабилни сметки: Македонија гради енергетска иднина за сите
Економија

Божиновска: Соларни покриви, стабилни сметки: Македонија гради енергетска иднина за сите

03/06/2025

AA

Македонија е
подготвена за нов енергетски модел – праведен, транспарентен и социјално
одговорен. Тоа беше пораката на денешниот настан на кој беше промовиран
извештајот на Центарот за развој на ОЕЦД: „Цени на енергија и субвенции во
Западен Балкан: Реформи за фер и зелена иднина“, на кој се обрати министерката
за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Извештајот,
подготвен со поддршка на меѓународни партнери, дава јасен преглед на фискалните
трошоци поврзани со субвенционирањето на енергијата, со посебен фокус на
периодот на енергетската криза во 2021–2022 година.

Според
анализата, Македонија во периодот 2018–2023 издвојува сериозни средства, директна
поддршка за енергетскиот сектор. Како што истакна министерката Божиновска,
најголем дел од овие средства биле наменети за амортизирање на ценовните шокови
и заштита на животниот стандард на граѓаните во време на глобални кризи. Но,
како што укажува и извештајот, постојниот модел на униформни субвенции често
придонесува за поголем трансфер кон домаќинствата со повисока потрошувачка,
наместо кон ранливите категории.

„Со новиот
Закон за енергетика направивме клучен исчекор – преминуваме од универзална
поддршка кон таргетирана социјална заштита, базирана на реалните услови на
домаќинството, а не само на потрошувачката,“ изјави Божиновска, најавувајќи
дека во соработка со Министерството за социјална политика се воспоставува и
методологија за мерење на енергетската сиромаштија.

Министерката го
потенцираше и системот на блок-тарифи што се применува од јули 2022 година, но
посочи на неговите ограничувања: „Семејства со повеќе членови или лица со
хронични заболувања, кои имаат реална потреба од повисока потрошувачка, се
изложени на повисоки цени и покрај нивниот социјален статус.“

Во
панел-дискусијата со клучни чинители од институциите, граѓанскиот сектор и
меѓународни партнери, беа отворени прашањата за либерализацијата на пазарот,
финансирањето на енергетската транзиција и потребата од иновативни решенија и
праведна распределба на јавните средства.

Законот за
енергетика предвидува и нови механизми за заштита на ранливите потрошувачи –
како директна финансиска поддршка, забрана за исклучување од мрежа во зимски
услови и субвенции за енергетска ефикасност. Дополнително, се воведува и
можност секој потрошувач да го смени својот снабдувач за струја во рок од 48
часа, без трошоци, што го отвора пазарот за фер конкуренција.

„Овој закон не
е само техничка регулатива – тој е одраз на нашата решеност да изградиме
енергетски систем кој ќе биде економски одржлив, социјално праведен и еколошки
одговорен. Нашата визија е јасна – Македонија со соларни панели на покривите,
електрични возила на патиштата и стабилни сметки за струја,“ изјави Божиновска,
потенцирајќи дека токму извештаи како овој на ОЕЦД се алатка за подобри
политики, со јасна цел – фер транзиција во која никој нема да биде изоставен.

Настанот ги
обедини носителите на политики, претставници на граѓанскиот сектор и
меѓународни организации во заедничка заложба за фер и зелена енергетска иднина
на Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46658
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од Врапчиште доби пријава по расправија

08/11/2026

Двегодишно дете било однесено во Швајцарија без знаење и согласност на неговата мајка, откако таткото претходно се скарал со сопругата.

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје

08/11/2026

Со пораките „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ граѓани и активистки во Скопје

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy